03.06.2025
Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тимот на Кајак.мк реализираше уште еден незаборавен team building во Грција на прекрасна дестинација покрај морскиот брег, овој пат за компанијата SEMOS CLOUD. Над 100 вработени поминаа два незаборавни дена исполнети со сонце, смеа и тимска енергија. Две вечерни забави ја кренаа атмосферата на повисоко ниво, додека преку ден се одвиваа возбудливи тимски натпреварувања. Секој момент беше совршена прилика за зближување, забава и градење на подобра конекција.

Со една реченица- SEMOS CLOUD го донесе летното сонце и ја отвори сезоната!
Секоја активност беше внимателно организирана за да поттикне соработка, креативност и нови пријателства меѓу учесниците, а вработените на SEMOS CLOUD блескаа со својот натпреварувачки, но тимски пристап кон секој предизвик.

Овој тим билдинг не беше само уште едно патување, туку вистинско искуство кое ќе го паметиме. Засилувањето на пријателствата, незаборавните моменти и заедничките победи создадоа основа за уште посилна соработка во иднина. Благодарност до SEMOS CLOUD за покажаниот тимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да биде дел од овој тим? :)

Повеќе за компанијата можете да дознаете со еден клик ОВДЕ и ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!