29.04.2025
Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Еј друштво, тимот на Кајак.мк со нова предлог авантура за вас и вашето друштво!
Дали знаете дена преку Кајак.мк можете да резервирате Рафтинг по Вардар или Црна Река, авантура која е идеален избор за сите кои сакаат да побегнат од секојдневието и да уживаат во природата.
| Турата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ |

Рафтингот по реките во Македонија е доживување полно со
возбуда и тимска енергија, совршено да го исполните денот со вашето семејство,
пријатели и блиски. За сите кои се во потрага по нови, екстремни искуства, ова
е активност која ќе ги поттикне да се опуштат, но истовремено да ја
почувствуваат природата во својата најдивата форма.
Турата по Вардар трае околу 3 часа и започнува недалеку од Велес па се до село Ногаевци.

Ваквите тури се организираат од мај до октомври, секако кога
сезоната е во полн ек, а сонцето топло! Што се однесува до тоа пак кој може да
биде дел од ова рафтинг авантура, треба да имате предвид декаможе да се
пријават лица кои се над 10 години, кои знаат да пливат и кои не тежат повеќе
од 120 килограми.
Безбедноста е на прво место, а целата авантура ќе биде водена од професионален тим кој се грижи за вашата сигурност и соодветна обука. Пристигнувањето е следено со кратка инструкција, а потребно е да сте облечени во шорц и купаќи, со капа за сонце по можност. Организаторот обезбедува професионална опрема, а може да се направат паузи за фотографирање, скокање во вода или едноставно уживање во прекрасниот пејзаж.

За целосно уживање, постои можност за договорен пикник со
храна и пијалаци на лице место, со доплата.
Доколку сакате да резервирате или пак да добиете вкупна
понуда, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!