02.06.2025
Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!
Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!
Среќни сме што успеваме во намерата да ги поттикнеме младите во Македонија да размислуваат за приватни вински доживувања, искуства кои ги организира Кајак.мк, а преку кои им се дава дирекна поддршка на локалните семејни винарии во Македонија.
Ние се грижиме за амбиентот, за осветлувањето, музиката,
храната, а виното им го препуштаме на најдобрите мали семејни винарии во
Македонија.
Доколку се уште размислувате на кој начин да ја организирате вашата прослава, Кајак.мк е овде со неколку предлози, кликнете ОВДЕ за да ни испратите барање.

Нашите уникатни вински вечери се со посебен акцент на
Гевгелија – дестинација со совршена летна клима за ноќно уживање под ѕвездите.
Сè е приватно и ексклузивно – само за вас и вашите гости.
Винските доживувања вклучуваат неограничена конзумација на квалитетно локално вино. Мени составено од стартери, свежи салати и главно јадење со месни специјалитети. Во текот на вечерта, организираме активности по ваша желба – забава, интеракција и моменти што ќе ги паметите. Секој настан е прилагоден според вашите очекувања и потреби.

Атмосферата е збогатена со топли светла, внимателно уредени маси и чувство како да сте дел од филмска сцена. Овие настани се идеални за родендени, интимни прослави, тим билдинзи или едноставно уживање со пријателите. Време е да доживеете нешто поинакво.

Резервирајте го вашето винско доживување преку Кајак.мк и дозволете ние да се погрижиме за сè – од првиот тост до последната песна. Направете го вашето лето посебно, исполнето со вино, смеа и магија под отворено небо. Кајак.мк – каде што винската традиција се спојува со модерен доживувачки момент. Вашата винска приказна започнува тука.
Повеќе детали ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!