Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Приватни летни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!

Gevgelija Цена од:

3,075.00 ден

Прочитајте ги сите детали и доколку ви се допаѓа понудата, цената и агендата, можете да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена по која можете да резервирате. Практикувајте писмени резервации, кои ви гарантираат сигурност како за вас така и за организаторот.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице е од 50 евра и вклучува едно уникатно доживување исполнето со многу активности, забава, богато предјадење, главно јадење, десерт, вино
  • Приватна локација наменета исклучиво за групата без други гости- Опколени со 100% природа

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Со можност да го организираме ние)

Резервирајте винско доживување- летна винска вечера во приватен амбиент, искуства кои ги организира Кајак.мк, а преку кои им се дава дирекна поддршка на локалните семејни винарии во Македонија.

Ние се грижиме за амбиентот, за осветлувањето, музиката, храната, а виното им го препуштаме на најдобрите мали семејни винарии во Македонија.

Нашите уникатни вински вечери се со посебен акцент на Гевгелија – дестинација со совршена летна клима за ноќно уживање под ѕвездите. Сè е приватно и ексклузивно – само за вас и вашите гости.

КРАТКА АГЕНДА:
-Пристигнување во винаријата
-Прошетка низ винаријата и запознавање со производство
-ПРВ ДЕЛ: Уникатни активности за цела група кои ги организираме во дворот на винаријата на зајдисонце (Уметност, забавни игри...)
-ВТОР ДЕЛ: Винска вечера со конзумација на премиум вина
-Караоке музика по желба на групата

Винските доживувања вклучуваат неограничена конзумација на квалитетно локално вино. Мени составено од стартери, свежи салати и главно јадење со месни специјалитети. Во текот на вечерта, организираме активности по ваша желба – забава, интеракција и моменти што ќе ги паметите. Секој настан е прилагоден според вашите очекувања и потреби.

Атмосферата е збогатена со топли светла, внимателно уредени маси и чувство како да сте дел од филмска сцена. Овие настани се идеални за родендени, интимни прослави, тим билдинзи или едноставно уживање со пријателите. Време е да доживеете нешто поинакво.

Резервирајте го вашето винско доживување преку Кајак.мк и дозволете ние да се погрижиме за сè – од првиот тост до последната песна. Направете го вашето лето посебно, исполнето со вино, смеа и магија под отворено небо. Кајак.мк – каде што винската традиција се спојува со модерен доживувачки момент. Вашата винска приказна започнува тука.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар