11.05.2025

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Откријте го првото сместување во село Богомила кое сега можете да го резервирате преку Кајак.мк – автентичен апартман сместен во срцето на ова рурално планинско село.Совршен за љубителите на природата, истражувачи и семејства, апартманот нуди удобност, топлина и традиционален македонски амбиент. Опремен со се што ви е потребно – од целосно функционална кујна до Wi-Fi и слободен паркинг, овој простор е идеално појдовно место за прошетки до изворите на Бабуна, Солунска Глава и локалните манастири.

Погледнете повеќе информации за апартманот со еден клик ОВДЕ.


Фотографија преземена од Скопјеинфо.мк

Богомила е едно од највпечатливите села во Македонија, не само поради природната убавина, туку и поради богатото културно и историско значење. Една интересна работа е дека од ова село потекнува и фамилијата на славниот македонски револуционер Петар Поп Арсов.


Фотографија преземена од Википедија

Селото е опкружено со планини и има директен пристап до реката Бабуна, која со своите извори, вирчиња и околни шуми нуди вистинска оаза за љубителите на природа. Особено популарна е рутата кон Солунска Глава, еден од највисоките и најимпресивни врвови во централниот дел на Македонија, што го прави селото омилена дестинација за планинари и велосипедисти.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии како и да направите резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.