29.04.2025
Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
За првпат и ексклузивно на Кајак.мк ве информираме дека во Македонија започаа да се организираат уникатните тренд Fly Fishing Тури. Нешто што во Словенија и Хрватска е популарно движење кои ги заштитува реките и екосистемите, конечно го имаме и во Македонија.
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата
база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во
Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.
„Без разлика дали ловите дива пастрмка во оддалечени планински реки или мирно фрлате мушица во кристално чисти води, ваквите fly fishing тури се креирани за сите – од почетници до искусни риболовци, велат организаторите.
| Турата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Од Fly Fishing Macedonia велат дека ги познаваат скоро сите реки, сезоните и
тајните места. Специјализирани се за креирање на индивидуални тури според
вашите желби, ритам и страст, или како што велат тие кажете ни што сакате – и
ќе ви подготвиме fly fishing авантура што совршено ви одговара.“
Тимот на Кајак.мк поразговара со Fish Flying Macedonia за тоа од каде ваквата идеја и иницијатива за организирање вакви тури во Македонија.

Од таму ни одговорија дека иницијативата за формирање првично доаѓаа од колективната запоставенонст и злоупотреба на нашите реки и леднички езера, кои ги има во изобилство, а се притоа едни од најзагрозените на балканот. Во последниве години сведочиме на големи реформи во останатите држави како Словенија, Хрватска, Босна и Црна Гора, кои успеваат да најдат начини да ги заштитат своите реки, а притоа екосистемите и биодиверзитетот околу истите. Во суштина, на ова се базира мотивацијата на Fly Fishing Macedonia за покренување на ваков клуб, кој не само што ќе нуди тури за риболов, туку ќе ја едуцира младата популација и ќе покрене иницијатива да се подигне свеста за нашите природни добра и можноста за нивно поефикасно користење.

Тимот на Fly Fishing Macedonia во
моментов се состои од 5 лица, од кои 4 професионални риболовци (мушичари) и
еден управител.
Луѓето кои ќе резервираат ваква атракција покрај тоа што имаат шанса да се запознаат со македонската природа, тие ќе се запознаат и со нашите ендемски подвидови на поточна пастрмка - brown trout (Salmo trutta). Ловот на истите претставува вистински предизвик, а притоа исклучиво го користиме принципот фати-пушти, односно сите фатени риби, по фотографирање се враќаат во вода.

Турите за почеток ќе се одвиваат на нашите реки и повеќето
леднички езера, кои се се уште чисти и богати со рибен фонд. Генерално на
територија на Македонија, а во иднина и на неколку притоки на Црн Дрим, во
Албанија.
Доколку сакате да прочитате повеќе за тоа што е вклучено во
турата и детали за организацијата кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија