СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Fly Fishing Macedonia: Тури кои вреди да ги доживеете

Fly Fishing Macedonia без разлика што се додадени во регионот на Битола, истите се организираат на повеќе локации низ Македонија. Најчесто во Западна Македонија. Доколку сакате да добиете повеќе информации и конкретна цена потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој би сакале да реализирате некоја ваква тура. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот.


Вклучено во цена:

  • Цените варираат многу во зависност од тоа колкава е групата; ако групата е од едно лице тогаш тој треба да ја покрие цела тура, додека ако се двајца цената драстично паѓа надолу, со тоа што поголемиот дел од трошоците го делат повеќе луѓе, како што е транспортот и водичот
  • Транспорт со 4х4 теренско возило
  • Дозвола за риболов
  • Професионален водич за риболов
  • Во зависност од локацијата нудиме вклучен picnic lunch или ручек во традиционален ресторан со македонска кујна

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Macedonia Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Тимот во моментов се состои од 5 лица, од кои 4 професионални риболовци (мушичари) и еден управител.

Луѓето кои ќе резервираат ваква атракција покрај тоа што имаат шанса да се запознаат со македонската природа, тие ќе се запознаат и со нашите ендемски подвидови на поточна пастрмка - brown trout (Salmo trutta). Ловот на истите претставува вистински предизвик, а притоа исклучиво го користиме принципот фати-пушти, односно сите фатени риби, по фотографирање се враќаат во вода.

Турите за почеток ќе се одвиваат на нашите реки и повеќето леднички езера, кои се се уште чисти и богати со рибен фонд. Генерално на територија на Македонија, а во иднина и на неколку притоки на Црн Дрим, во Албанија.

Иако најчесто професионалните мушичари носат своја опрема, ние нудиме опрема за рентање со исклучок на wading pants и wading shoes (водоотпорни комбинизон и кондури), како и обука за почетници во облик на workshop, организиран на терен за помладата популација, но не и само за истата.

Групата може да се состои од максимум 3 лица по водич, за да бидеме во можност да им се посветиме професионално на сите љза  денот да биде успешен на река, бидејќи секој би сакал да улови барем по една риба. Додека на ледничките езера можат да бидат повеќе лица по водич.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар