13.05.2025

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга. Кампот е идеален за оние кои сакаат комбинација од мирна природа, висока шума и освежувачко езеро со пространа плажа. Со широк простор и лесен пристап, оваа дестинација е совршен избор за семејства, пријатели или индивидуални авантуристи. Атмосферата е опуштена, а престојот во природата станува вистинско уживање.

Повеќе фотографии од внатрешноста, цени и детали можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.


Сместувањето во кампот е организирано преку модерни и комфорни дрвени бунгалови. Секој бунгалов е опремен со клима уред, телевизор и фрижидер, како и сопствен тоалет, што овозможува удобност како во хотел, но во природна околина. Малите бунгалови се наменети за две возрасни лица и две деца, што ги прави одличен избор за семеен престој. Ентериерот е едноставен, но функционален, а надворешноста е совршено вклопена со околниот зелен пејзаж. Престојот во вакви услови значи вистинско бегство од урбаната врева и поврзување со природата.


Покрај бунгаловите, кампот нуди и огромна површина за поставување шатори и кампери. Повеќето позиции се под сенка, што овозможува пријатен престој дури и во најтоплите денови. За оние кои доаѓаат со кампер возила, обезбедени се европски приклучоци и пространи места директно на брегот на езерото. Санитарните јазли се чисти и опремени со тушеви и топла вода, што придонесува за целосен комфор. Кампот не издава сопствени приколки, но нуди сè што ви е потребно за пријатно кампирање.


Она што особено го издвојува овој камп се неговите дополнителни содржини и активностите што ги нуди. Во склоп на кампот има кујна, ресторан и бич бар каде можете да се освежите и да уживате во локалната кујна. Присутни се и три игралишта, како и детски реквизити, што го прави кампот идеален за семејства со деца.


Приватната песочна плажа и пристаништето за пловни објекти се дополнителен бонус за оние што сакаат водени активности или едноставно да се релаксираат покрај езерото. Ако барате место каде што природата, комфорот и авантурата се спојуваат, тогаш ова е вистинската дестинација за вашиот следен одмор.

Повеќе фотографии од внатрешноста, цени и детали можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Dubravka Gluskina

    27.06.2025 13:53

    Slobodno 04.08. Za 7 noki

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!