03.06.2025

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Веќе четврта година по ред, компанијата Aristocrat Interactive ја продолжува својата зелена мисија – пошумување на различни локации низ Македонија. Од селото Пчиња, преку регионот на Свети Николе и Демир Капија, оваа година еко Аристократ караванот за пошумување стигна во Неготино.


Иако мај ни приреди вистински предизвик со дожд, студ и невреме, ова посветена екипа од над 100 вработени докажа дека кога има волја – има и начин. На 16-ти мај, на само 8 степени и со постојан дожд, заедно засадија над 200 брзорастечки борчиња и три јапонски цреши во паркот именуван по Тоше Проески – симболично, трајно и со љубов.


Како прва компанија која започна со етно-рурални тим билдинг настани, Аристократ не само што сади дрвја, туку гради и заедништво, почит кон локалната традиција и инспирација за нови генерации. Овојпат подадоа рака и на локалните жени занаетчии од Неготино, кои ја пренесоа својата уметност на ткаење и везење преку интерактивна сесија – можеби токму тука се роди некое ново хоби кај ИТ програмерите?


Со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура. Посебна благодарност до Општина Неготино за поддршката и топлиот прием.


Благодарност до Aristocrat Interactive што продолжуваат да садат добрини.😊

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.