29.04.2025
Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Нашиот наслов „Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас“ е баш ваков поради фактот дека скоро секој сака да го истражи еден од најубавите предели во Македонија, а сепак да престојува во едонставно модерни и компактни апартмани идеални за потребите на секој патник.
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.
| Апартманите може да ги резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Од терасата на вилата гостите ќе може да уживаат во погледот кон мирното Преспанско Езеро кое е вистинска разгледница што ќе ве следи во секој момент на вашиот престој. Локацијата е идеална за истражување на волшебниот предел – блиску се селата Љубојно и Брајчино, мали оази на автентичниот македонски дух, каде што времето тече побавно, а гостопримството е безвременско.

Само неколку чекори ве делат од авантурите што ги нуди регионот – прошетки по шумските патеки на Пелистер, возење велосипед по крајезерските патеки, возење кајак или јавање коњи во природна средина. Оние кои го ценат добриот залак, ќе уживаат во локалната храна: свежа пастрмка, домашни сирења, традиционални пита и овошје од планинските градини.
Повеќе информации, фотографии како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.