19.05.2025
Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк
Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк
Ова е првото сместување од Лозово што станува дел од платформата Кајак.мк, и нуди вистинско бегство од градската врева. Апартманот се наоѓа веднаш на магистралниот пат Велес–Штип, лесно достапен и совршен за кратки или подолги викенд престои. Сместувањето е целосно опремено, со пространи соби, тивко соседство и приватен паркинг. Идеално е за парови, семејства или пријатели кои сакаат удобност во рурална средина.
| Повеќе информации за сместувањето ќе најдете со еден клик ОВДЕ. |

Апартманот располага со две спални соби со брачни кревети и
гарнитура на пуштање во дневната соба – доволно простор за 6 лица. Кујната е
комплетно опремена, а дворот е уреден и создаден за утрински кафиња или
попладневно скара дружење. Постои и простор за оставање велосипеди, што го
прави одличен избор за љубителите на активен одмор. Греењето и ладењето е
решено со клима уред, а Wi-Fi е достапен низ целиот простор.
Во близина се наоѓаат езерото Младост и селото Бекирлија, каде што е сниман познатиот документарец „Медена Земја“. Лозово е мирна рамничарска средина, совршена за оние што сакаат селски викенд уживања, но и брз пристап до Велес и Штип. Со пријателски домаќини, можност за self check-in и прифат на домашни миленици, ова е новата рурална оаза на мапата на Кајак.мк. Резервирај и доживеј едноставен, но автентичен престој во срцето на Македонија.
Повеќе информации за сместувањето ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!