Летајте со параглајдер во Охрид

Oхридски регион Цена од:

4,300.00 ден

Дозволете си адреналински предизвик во Охрид

Вклучено во цена:

  • Цена по лице
  • Време на летање од 10 до 20 минути
  • Фотографии и видеозапис со GoPro
  • Транспорт до точката на полетување

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата договорена за собир

Најлесниот начин да ја почувтвувате магијата на летањето е параглајдинг. Географските карактеристики на нашата земја овозможуваат одлични услови за овој спорт и атракција, кое пак, може да се потврди со тоа што во нашата земја се организираат натпревари од висок каратер, Светски и Европски првенства  во параглајдинг. 


Нашите инструктори котираат високо на светката ранг листа,  поседуваат интернационални лиценци според стандардите на Светската Воздухопловна Федерација и Агенцијата за Цивилно Воздухопловство, потекнуваат од Параглајдинг Клуб Делта кој е активен од самиот почеток на овој спорт во нашиот регион.


Подарете си себе или на вашите блиските доживување во кое ќе можете да го имате Светот на дланка. После 10 минутна обука за активностите и турата ќе можете да се впуштите во авантура и да уживате во летањето.


Услови:


  1. Врз основа на временската прогноза се прави заеднички договор дали денот којшто го резервирале е идеален за летање
  2. Според локацијата на параглајдинг турата, се прави меѓусебен договор за збирното место со клиентите
  3. Во зависност од временските и термичките услови, просечно летот може да трае од 10 па се до 20 минути
  4. За лица помлади од 16 години потребна е старателска потврда
  5. Не е потребно претходно знаење и искуство
  6. Потребна е соодветна облека за годишното време како и цврсти обувки

Дали знаете дека?
При онлајн резервација на атракциите на „Кајак.мк“ вие донирате 1% за пошумување на нашата држава. Истото така добивате и код на ваучерот со кој подоцна можете да погледнете каде е засадено вашето дрво. Затоа направете предрезервација на понудата бесплатно. Селектирајте го терминот кој ви одговара и добијте повратен одоговор во истиот ден. Доколку имате дополнителни прашања ви стоиме на располагање на:

076 791 157