Дегустација на маслиново масло во Македонија – Автентична еднодневна тура
1,100.00 ден
Дегустација на маслиново масло во Македонија – Автентична еднодневна тура. Како да резервирате? За резервација потребно е: да го изберете датумот на кој сакате да резервирате посета и да пишете во барањето за колку лица станува збор. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупната сума по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени барања за резервации, така е посигурно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цена по лице е 1100 денари
- Прошетка низ маслинарникот
- Разглед на производството
- Дегустација со закуски
- Подарок 500 мл extra virgin маслиново масло (за секој посетител)
- Професионален водич
- За странските гости дека целиот настан ќе биде на англиски
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Дополнително купување на маслиново масло (доколку сакате да купите)
Автентична дегустација на маслиново масло и посета на маслинарник во јужна Македонија
Откријте автентично доживување со дегустација на
маслиново масло во Македонија, инспирирано од медитеранските традиции кои
патниците најчесто ги бараат кога
патуваат. Оваа ексклузивна еднодневна тура на Кајак.мк нуди уникатен
спој на природа, гастрономија, едукација и локална култура, идеална за
странски и домашни гости кои сакаат вистински, автентични искуства надвор од
масовниот туризам.
Турата е совршена за парови, семејства, мали групи,
пензионери, тимови и љубители на гастрономијата и природата, и покажува
дека Македонија е сè поатрактивна дестинација за врвно extra virgin
маслиново масло, благодарение на својата медитеранска клима и плодниот
јужен регион.
Зошто дегустација на маслиново масло во Македонија?
Јужиот дел на Македонија има медитеранска микроклима,
слична на региони како Тоскана и Пулија, што ја прави идеална за одгледување
маслинки и производство на ладно цедено маслиново масло.
Тука маслото не се произведува индустриски – туку со
внимание, традиција и почит кон природата.
Доживувањето се одвива во село Пирава недалеку од
градот Валандово, во мирна рурална средина каде времето забавува, а вкусовите
стануваат спомени.
Што вклучува турата за дегустација на маслиново масло?
Прошетка низ 800 маслинови дрвја
Уживајте во водена прошетка низ 800 маслинови дрвја
распослани на 20.000 м². Пешачењето од производниот објект до маслинарникот
трае околу 20 минути и овозможува релаксирачко и автентично доживување
низ селската природа.
Посета на маслинарник и едукативна презентација (30–45
минути)
Ќе научите за:
- видови
маслинки
- одгледување
и одржување на маслиновите дрвја
- методи
на берба
- влијанието
на климата врз квалитетот на маслото
Овој дел нуди вистинско агро-туристичко искуство,
слично на турите што туристите ги бараат насекаде низ светот.
Посета на производниот погон (15–20 минути)
Запознавање со:
- процесот
на ладно цедење
- патот
на маслинката од дрво до шише
- стандарди
за квалитет и киселост
Дегустација на extra virgin маслиново масло и гастро спој
(20–30 минути)
Професионално водена дегустација со:
- разлики
помеѓу видовите маслиново масло
- како
да препознаете квалитетно масло
- основи
на дегустација
Во дегустацијата е вклучено:
- локална
пршута
- селекција
на сирења
- шери
домати
- домашен
леб
- extra
virgin маслиново масло
Секој гостин добива подарок:
Шише од 500 мл extra virgin маслиново масло.
Запознајте го домаќинот
Турата ја води Сашо Аврамовски, маслинар и
ентузијаст, чија љубов кон маслинката прераснала во животна мисија.
Маслото е 100% произведено од сопствени маслинки, со:
- ниска
киселост
- висока
содржина на антиоксиданти
- златна
боја
- вкус
што потсетува на свежо покосена трева и штотуку набрани маслинки
Ова не е само масло – ова е приказна за македонската
почва, дух и луѓе.
Времетраење на турата
90–120 минути
Како да резервирате?
За резервација потребно е:
- да
го изберете датумот
- да
ни напишете за колку лица станува збор
Ќе добиете одговор во текот на истиот ден.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции