Работилница за традиционално производство на афион
Откријте ја традицијата на афионот со Роберт: работилница со дегустации, практични демонстрации, изработка на природни производи и автентично локално искуство. Доколку сакате да добиете понуда испратете барање за резервација со наведување на бројот на лица и селектирање на датумот. Откако ќе го селектирате датумот и пратите барање, очекувајте одговор со понуда и вкупна цена по која понуда можете да резервирате.
Вклучено во цена:
- Посета на погонот за природни масла и здрава храна
- Презентација за афионот и неговата примена
- Дегустација на производи (масла, путер од афион, др.)
- Практично учество во традиционалниот процес на к’цање афион
- Подготовка и печење леб во традиционална фурна
- Демонстрација на изработка на природни сапуни
- Посета на личната уметничка галерија
- Посета на куќарката на дрво
- Дегустација на свежо испечено лебче со огништен специјалитет
- Водство од Роберт низ целиот процес
Не е вклучено во цена:
- Превоз до локацијата и назад (може да биде организирано)
- Оброк надвор од наведената дегустација
- Купување производи (можност постои, но не е дел од цената)
- Лични трошоци на посетителите
- Професионална фотографија/видео (освен ако не се договори дополнително)
Роберт е инспиративна личност и долгогодишен чувар на македонската традиција, посветен на производство на афион и природни производи. Со стручност, љубов кон занаетот и посветеност на квалитетот, тој создава уникатни производи и искуства што ги спојуваат традицијата, вкусот и креативноста. Посетата кај Роберт е повеќе од запознавање со производите – тоа е можност да учествувате директно во процесите што тој ги усовршува со години.
Во рамките на работилницата ќе имате можност за:
-
Посета на погонот за природни масла и здрава храна, каде афионот е во центарот на вниманието.
-
Дегустација на домашни производи и запознавање со нивниот процес на подготовка.
-
Практично учество во традиционалното производство на к’цан афион.
-
Подготовка и печење леб во традиционална фурна, со можност за практично вклучување.
-
Изработка на природни сапуни на традиционален начин.
-
Посета на личната уметничка галерија и куќарка на дрво на Роберт.
-
Дегустација на свежо испечено лебче комбинирано со специјалитет од огниште.
Работилницата е наменета за:
-
Групи и тим билдинг активности
-
Странски гости кои сакаат автентично доживување на македонската традиција
-
Сите кои сакаат да го почувствуваат занаетот и културата одблиску
Зошто да ја одберете:
Ова е можност за практично доживување на традицијата, под водство на човек кој темелно ја познава и искрено ја негува. Работилницата нуди содржинско, едукативно и професионално искуство што остава силен впечаток.