Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Лов на Тартуф на Козјак Планина

Kumanovo Цена од:

2,400.00 ден

Лов на Тартуф! Тура која секој треба да ја има реализирано! Прочитајте ги детално информациите и испратете барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупна сума, како и детали. Практикувајте резервации по писмен пат, така ќе бидете повеќе заштитени како клиенти.


Вклучено во цена:

  • Цена за тура 1 е 2.400 денари по лице
  • Цена за тура 2 е 4.200 денари по лице
  • Цената може да варира во зависност од барањето
  • Обучен локален водич со обучени кучиња
  • Дегустација на суров тартуф
  • Дегустација на храна со тартуф
  • Обезбедена вода

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

Тура со лов на тартуфи во Куманово и Крива Паланка | Автентично искуство во природа

Резервирајте уникатна тура со лов на тартуфи и откријте го светот на овие ценети шумски деликатеси низ прекрасните предели на Куманово, Крива Паланка и планината Козјак со врвот Перен.

Во текот на турата ќе уживате во прошетка низ шума, во друштво на локален водич и неговите две дресирани кучиња Артур и Ава, од познатата италијанска раса Lagotto Romagnolo, која се смета за една од најдобрите раси за лов на тартуфи.

Уникатноста на ова искуство е во самата потрага – уживате во природата, учите како се пронаоѓаат тартуфи и го следите процесот заедно со кучињата кои трагаат низ шумата. Важно е да знаете дека пронаоѓањето тартуф не е секогаш загарантирано. Токму реткоста на овие шумски плодови е причината поради која црниот тартуф достигнува високи пазарни вредности.

Без разлика дали ќе имате среќа да пронајдете тартуф, во рамките на турата секогаш е вклучена дегустација на свеж тартуф и производи со тартуфи.

Достапни се две тури:

Тура 1: Лов на тартуфи во регионот на Куманово

Почетната локација се договара со водичот, кој ве очекува на асфалтиран пат во околината на Куманово. До локацијата може да пристигнете со секаков тип возило.

Турата започнува од асфалтен пат и продолжува низ шумски предел, каде заедно со водичот и кучињата започнувате потрага по тартуфи.

За време на прошетката, водичот ќе ви раскаже:

  • Како се пронаоѓаат тартуфи
  • Кои се различните видови тартуфи
  • Како се дресираат кучињата за лов на тартуфи
  • Интересни приказни и факти поврзани со оваа традиција

По завршувањето на потрагата следува дегустација на домашни производи:

  • Мед со тартуфи, кој се користи како додаток во овошни салати
  • Ракија со тартуфи
  • Свеж тартуф

Времетраење на турата: околу 4 часа

За гостите е обезбеден паркинг, од каде започнува турата.

Тура 2: Целодневна тура на планината Перен

Целодневната тура започнува од асфалтен пат до кој може да пристигнете со било какво возило.

Водичот ве пречекува на локацијата и продолжувате со 4x4 теренско возило заедно со кучињата кон планината Перен, на надморска височина од околу 700 метри.

По пристигнувањето во планинска викендичка следува кратка пауза, а потоа започнува ловот на тартуфи низ прекрасниот шумски предел.

По завршувањето на потрагата се враќате во викендичката каде ве очекува организиран пикник ручек со:

  • Локални специјалитети со тартуфи
  • Дегустација на ракија

По ручекот следува враќање кон почетната локација.

Турата е наменета за 2 до 4 лица. За поголеми групи, транспортот се организира со дополнителни возења.

За гостите е обезбеден паркинг, од каде започнува турата.

Период за лов на тартуфи

Потрагата по тартуфи може да се реализира во текот на целата година.

  • Од мај до октомври се појавува еден вид тартуф
  • Од октомври до март се појавува друг вид тартуф

Препораки за посетители

За пријатно и безбедно искуство се препорачува да понесете:

  • Долги панталони
  • Планински обувки или спортски патики со подебел ѓон (во суво време)
  • Јакна согласно временските услови
  • Ракавици доколку сакате активно да ја истражувате почвата

За посетители кои сакаат само едукативно искуство и набљудување, ракавиците не се задолжителни.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Valerie haralampie

    22.03.2026 22:14

    Moze li tel.broj ili viber whats up,za da zajazeme rezervacija za dvajca ,jas i kerkata,koja e pocetna tocka ..kade treba da se dojde vo Kumanovsko na koja lokacija ili od Kumanovo se trgnuva