Приватен базен во село Скачковце

Kumanovo Цена од:

6,150.00 ден

Базенот има оптимален капацитет за 10 до 15 лица. Самото место е организирано со нови тоалети, соблекувална, тушеви, лежалки, столчиња и тенда покрај базенот, како и летниковец со скара. Просторот можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена за наем на базенот до 10 лица од ден е 100 евра
  • За секое дополнително лице се доплаќа 10 евра
  • На располагање се сите реквизити кои се наведени во тектот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Во периферијата на селцето Скачковце има прекрасни пространи плантажи со лешници или како што милуваме да кажеме густа лешникова шума која ќе ви помогне да побегнете од сите и да уживате сами на прекрасниот базен кој од денеска е достапен за изнајмување преку платформата Кајак.мк

Базенот има оптимален капацитет за 10 до 15 лица. Самото место е организирано со нови тоалети, соблекувална, тушеви, лежалки, столчиња и тенда покрај базенот, како и летниковец со скара.

Базенот има двојно посилна филтрација која ја задржува чиста водата, а непосредно пред влезот на патеката која води до базенот има простран паркинг каде може да се паркираат повеќе возила.

Во околината на базенот нема соседни објекти на кои би им сметала гужвата и гласната музика, овде гостите може да уживаат и да се дружат во текот на целиот ден.

Има фрижидери за да стои ладен пијалакот и храната што би ја понеле гостите. Лубеница и пијалак може да се олади и во бунарот кој е во близина.

Постои можност за кетеринг на храна од рестораните во Куманово

Во близина има преубав манастирски комплекс Св.Троица Скачковци кој може да го посетат оние кои ќе се одлучат да го посетат самото село.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Ivana Nikolovska

    05.07.2024 13:47

    Zdravo Stefan dali imate slobodno od 5-7 Avgust?