Супер Домаќин

Спортско стрелачки центар во Струмица

Strumica Цена од:

1,650.00 ден

Стрелање со професионален инструктор во Струмица. Доколку сакате да резервирате прочитајте ги внимателно сите правила и испратете барање со селектирање на датумот. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена во текот на денот, по кој одговор вие можете да потврдите. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • BASIC PACKAGE
  • Цена: 1.650 денари по лице
  • WARRIOR PACKAGE
  • Цена: 3.300 денари по лице
  • JOHN WICK PACKAGE
  • Цена: 10.120 денари по лице
  • Мета за гаѓање
  • Обука за гаѓање(Основна обука)
  • Соодветно и исправно оружје
  • Инструктор на располагање

Не е вклучено во цена:

  • Не е вклучено во цена:
  • Транспорт до локацијата
  • Дополнителна муниција надвор од цената на пакетот

Резервирајте едно поинакво искуство во Струмица

Ова искуство е наменето за лица над 18 години, кои поседуваат лична карта поради потпишување на согласност.

Посетителите можат рекреативно да стрелаат со огнено оружје од различен калибар, пневматско (воздушно) оружје, лак и стрела (стреличарство) и други активности кои се дел од понудата во струмичкиот крај.

Локацијата се наоѓа во близина на селото Попчево, во близина на комплексот Цареви Кули, над градот Струмица, во познатата локација Чамчифлик.

На локацијата има кафетерија под отворено небо, каде посетителите можат да уживаат во пријатна атмосфера.

Посетата може да биде индивидуална или групна, со претходно резервиран термин.

Пакети за стрелање

BASIC PACKAGE

16 куршуми – 9 мм пиштолска муниција
5 куршуми – .308 карабинска муниција

Во цената е вклучено:

  • мета за гаѓање
  • инструктор на располагање
  • оружје
  • основна обука

Цена: 1.650 денари по лице


WARRIOR PACKAGE

20 куршуми – 9 мм пиштолска муниција
10 куршуми – 7.62x39 мм карабинска муниција
10 куршуми – .308 карабинска муниција

Во цената е вклучено:

  • мета за гаѓање
  • инструктор на располагање
  • оружје
  • основна обука

Цена: 3.300 денари по лице


JOHN WICK PACKAGE – стрелање со сите оружја со кои располага стрелиштето

50 куршуми – 9 мм пиштолска муниција
20 куршуми – .308 карабинска муниција
20 куршуми – .22LR малокалибарска муниција
30 куршуми – 7.62x39 мм карабинска муниција
10 куршуми – 12GA ловна муниција
10 куршуми – 8x57 мм карабинска муниција
5 куршуми – 6.35 мм пиштолска муниција

Во цената е вклучено:

  • мета за гаѓање
  • инструктор на располагање
  • оружје
  • основна обука

Цена: 10.120 денари по лице

Групни посети

Нема ограничување за бројот на лица во групата, бидејќи секој посетител индивидуално гаѓа. Кај поголеми групи потребно е повеќе време за објаснување и обука од страна на инструкторите.

Правила за безбедност

  • Секој посетител потпишува изјава од стрелиштето.
  • Почитувајте ги правилата зададени од инструкторот и почитувајте ги останатите посетители.
  • Секое оружје третирајте го како да е наполнето.
  • Никогаш не насочувајте оружје кон нешто кон кое не сте подготвени да пуктате.
  • Прстот држете го исправен и надвор од чкрапалото сè додека нишанот не е на целта и не сте подготвени да пуктате.
  • Ракувањето со оружје е дозволено само на доделената лента и клупа.
  • Забрането е ракување со оружје за лица под 18 години.
  • Забрането е користење оружје под дејство на алкохол и психотропни супстанции.
  • Забрането е пушење на тутунски производи на полигонот за стрелање.
  • За било каква неисправност на оружјето веднаш известете го инструкторот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар