Разглед на струмичките манастири и водопади: целодневна тура од Скопје
Разглед на струмичките манастири и водопади: целодневна тура од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Струмица-Скопје)
- Лиценциран водич
Не е вклучено во цена:
- Ручек (опција да биде вклучен во цената)
- Пијалоци
- Лични трошоци
Турата започнува во раните утрински часеви со поаѓање од Скопје.
Источна Македонија е раскошен мозаик од природни убавини, древни свети места и тивки предели што ја раскажуваат историјата на еден народ. Нашето патување нè води кон два манастири во близина на Струмица.
Манастирот Свети Леонтиј во Водоча каде што секој камен шепоти молитви од минатото.
Ќе го посетиме и величествениот манастир во Вељуса, посветен на Пресвета Богородица Елеуса, светилиште што зрачи со тивка духовност и раскошна историја.
Во турата е предвидено посета на Колешинскиот водопад, скриен во прегратките на планината Беласица.
Разглед на Струмица - најголемиот град во југоисточна Македонија. Град кој е познат е по карневалот што секоја година привлекува посетители од целата земја. Ќе имаме разглед, посета на атрактивни локации во градот и слободно време за индивидуално истражување и фотографии.
Турата завршува во приквечерните часеви со поаѓање назад кон Скопје.
ЛОКАЦИЈА