НОВО
Супер Домаќин

Едрење на Охридско Езеро – уникатно доживување за до 5 лица

Ohrid Цена од:

5,500.00 ден

Уживајте во приватно едрење на Охридско Езеро со професионален скипер. Панорамски тури, зајдисонце, капење и незаборавно доживување за до 5 лица.


Вклучено во цена:

  • Пакет 1: Дневна или Sunset тура (2 часа) – 5.500 денари
  • Пакет 2: Полудневна тура со капење (4 часа) – 8.500 денари
  • Приватна тура со едрилица за до 5 лица
  • Професионален скипер

Не е вклучено во цена:

  • Дополнителни пијалаци и храна по желба на гостите
  • Трошоци за дополнителни активности надвор од договорената тура
  • Транспорт до/од пристаништето

Едрење со едрилица на Охридско Езеро

Доживејте го Охридското Езеро од поинаква перспектива со приватна тура со едрилица и професионален скипер. Уживајте во панорамските погледи кон Стариот Град, црквата Св. Јован Канео и крајбрежјето на Охрид, додека искусен скипер се грижи за целото ваше патување.

Едрилицата е наменета за приватни групи до максимум 5 лица, што овозможува целосно опуштено и персонализирано искуство.

Пакет 1: Тура со професионален скипер

2 часа – Дневна или Sunset тура
Цена: 5.500 денари

Рута:
Пристаниште Охрид – панорама на Стариот Град – црква Св. Јован Канео – Претседателска вила – отворено езеро со можност за уживање во зајдисонцето.

Вклучено во турата:

  • професионален скипер
  • гориво
  • појаси за спасување
  • пијалак за добредојде

4 часа – Полудневна тура со капење
Цена: 8.500 денари

Рута:
Панорамско пловење покрај охридското крајбрежје со продолжување кон мирни делови од езерото и сидрење пред природни плажи за пливање, сончање и одмор.

Вклучено во турата:

  • професионален скипер
  • гориво
  • појаси за спасување
  • опрема за капење
  • освежување

Зошто да изберете едрење со нас?

Приватно искуство – едрилицата е резервирана само за вас и вашите пријатели.

Безбедност – сите патници имаат обезбедени професионални појаси за спасување.

Флексибилност – во договор со скиперот постои можност за кратка обука и преземање на кормилото за време на пловењето.

Максимален број на гости: 5 лица.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар