НОВО
Супер Домаќин

Кајак.мк ве води на приватна Open Air Cinema Night под ѕвезденото небо

Кајак.мк ве води на приватна Open Air Cinema Night под ѕвезденото небо. Доколку сакате да го резервирате овој сервис, испратете барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна сума, по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за организаторот.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од комплетната услуга на клиентот

Не е вклучено во цена:

  • Во цената може да биде вклучени сите услуги наброени во описот на текстот

Замислете вечер, далеку од градската врева. Добро друштво, чаша квалитетно македонско вино, внимателно подготвени локални специјалитети, филм под отворено небо и атмосфера која ќе се памети долго. Токму вакво уникатно искуство ви нуди Кајак.мк преку организација на приватни Open Air Cinema Night настани низ цела Македонија.

Ова искуство е создадено за компании кои сакаат поинаков тим-билдинг, за поголеми друштва кои сакаат приватна вечер само за себе, како и за девојачки и ергенски забави кои заслужуваат оригинална идеја наместо класична прослава.

Тимот на Кајак.мк ја организира целата вечер – од изборот на локација, па сè до последниот детал. Доколку веќе имате простор каде сакате да се одржи настанот, ние ќе ја донесеме целата потребна опрема. Доколку, пак, немате соодветна локација, ќе ви обезбедиме приватен простор каде ќе уживате во целосна приватност и уникатен амбиент.

Пред почетокот на филмската проекција организираме забавни активности за дружење и тимска интеракција, а по завршувањето на филмот вечерта продолжува со музика, разговори и дополнителни активности во релаксирана атмосфера.

Што може да вклучува вашата Open Air Cinema Night?

  • Организиран превоз до локацијата
  • Приватна локација (доколку е потребна)
  • Комплетна видеопроекциска опрема
  • Професионално озвучување
  • Локално македонско вино
  • Внимателно подготвена храна и закуски
  • Безалкохолни и алкохолни пијалоци
  • Забавни тимски активности и игри
  • Комплетна организација и логистика од тимот на Кајак.мк

Настаните најчесто се организираат за групи од 10 до 30 гости, но по барање можеме да реализираме и настани за значително поголем број учесници. За поголемите групи, покрај кино-проекцијата, можеме да организираме и посебна зона со друштвени игри, релакс активности и простор за дружење, со што секој гостин ќе има можност да ужива во вечерта на свој начин.

Без разлика дали сакате тим-билдинг, приватна прослава или едноставно вечер која ќе биде различна од сè што досега сте организирале, Кајак.мк ќе ја претвори вашата идеја во незаборавно искуство под ѕвезденото македонско небо.

Остави Коментар