Мозаична работилница од стар рециклиран текстил: Нова работилница од тимот на Кајак.мк
Мозаична работилница од стар рециклиран текстил: Нова работилница од тимот на Кајак.мк. Ова работилница може да се организира низ цела територија. Испратете барање за резервација и очекувајте понуда во текот на денот. Практикувајте барања по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цената варира во зависност од барањата, локацијата, бројот на учесници
- Во понудата може да бидат вклучени повеќе услуги како:
- Организиран превоз
- Храна
- Пијалоци
- Дополнителни работилници
Не е вклучено во цена:
- /
Новите тим билдинг настани кои ги организира тимот на Кајак.мк ќе бидат збогатени со уште повеќе нови и креативни работилници, создадени со една цел – тимовите да доживеат нешто поинакво, да се забавуваат, да создаваат и од настанот да понесат нешто свое.
Една од новите активности е креативна работилница
инспирирана од стара традиционална јапонска техника, преку која парчиња текстил
и материјали што повеќе не се користат добиваат нов живот – претворени во
уникатни мозаични дела.
Наместо класична тим билдинг активност, ова е неколкучасовно
креативно патување. Секој учесник добива своја основа и дизајн, избира
материјали, комбинира бои и дезени и чекор по чекор создава сопствено дело. Не
е потребно претходно искуство или посебна уметничка вештина – доволна е желбата
да се проба нешто ново.
Посебен дел од работилницата е повторната употреба на стари
и неискористени материјали. Наместо да завршат како отпад, малите парчиња
текстил стануваат дел од нова слика. А бидејќи секој учесник сам ги избира
комбинациите, на крајот нема две исти дела.
Работилницата може да се организира во текот на целата
година и на различни локации низ Македонија – во хотел, винарија, ресторан,
планински комплекс, конференциски простор или друга локација како дел од
поголем настан или патување. Тимот на Кајак.мк ја обезбедува потребната опрема
и материјали и ја води целата активност.
Концептот е идеален за компании и тим билдинг патувања, но и
за девојачки забави, родендени, приватни настани и спонтани собири на пријатели
кои сакаат неколку часа да ги заменат телефоните и секојдневието со нешто што
ќе го создадат со сопствени раце.
На крајот, секој учесник ја задржува својата креација и ја носи дома како спомен од заедничкото искуство.