НОВО
Супер Домаќин

Рурален ручек во природа со традиционални активности идеален за групи и тим-билдинг

Region Makedonija Цена од:

2,000.00 ден

Рурален ручек во природа со традиционални активности. Доколку сакате да резервирате вакво еднодневно искуство, потребно е да испратите барање со селектирање на датум и да наведете за колку лица станува збор. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна сума. Практикувајте барања по писмен пат, така е најсигуно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • Во цената е вклучено се што е наведено во описот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се огранизира преку Кајак.мк)

Побегнете од градското секојдневие и поминете еден поинаков ден во рурален амбиент, опкружени со природа, домашна храна и традиционални активности.

Ова автентично еднодневно искуство е наменето за организирани групи кои сакаат дружење на отворено, добра храна и можност активно да учествуваат во подготовката на дел од она што подоцна ќе се најде на трпезата.

Што вклучува искуството?

Берба на сезонски зеленчук
Во зависност од сезоната и достапноста, гостите имаат можност сами да наберат свеж зеленчук и заеднички да подготват домашна салата за ручекот.

Подготовка на домашни јуфки или кори
Групата учествува во традиционална активност за подготовка на домашни јуфки или кори и одблиску се запознава со начинот на кој некогаш се подготвувала храната во македонските домаќинства.

Богат домашен ручек
По активностите следува заеднички ручек во рурален амбиент, опкружени со природа. Во понудата се вклучени богат ручек, пијалоци, десерт и кафе.

Забавни групни активности
Во текот на денот се организираат дополнителни забавни игри и предизвици за групата, а за најуспешните учесници се предвидени и симболични подароци.

Период на организација

Руралните настани се организираат од пролет до есен, во периодот кога временските услови овозможуваат престој, активности и ручек на отворено.

Искуството е идеално за компании, тим билдинзи, групи пријатели, здруженија и други организирани групи кои сакаат еден ден исполнет со природа, традиција, локална храна и дружење.

Цена: од 32 € по лице

Конечната цена зависи од бројот на учесници, избраното мени и дополнителните активности.

Напомена: Искуството се организира исклучиво за групи и со претходна резервација. За понуда и достапност потребно е да испратите барање со посакуваниот датум и бројот на лица.

Остави Коментар