НОВО

Art with a Twist – интерактивна креативна работилница во Македонија

Уживајте во Art with a Twist, интерактивна креативна работилница во Македонија. Испрате ни барање на [email protected] и очекувајте персонализирана понуда.


Вклучено во цена:

  • Простор за работа (отворен или затворен)
  • Сите потребни материјали за учество (платна, бои, четки, престилки, ракавици)
  • Комплетен сет за секој учесник
  • Водство и инструкции од ликовен водич
  • Поддршка и насоки во текот на креативниот процес
  • Можност да го понесете своето уметничко дело како спомен

Не е вклучено во цена:

  • Храна и пијалаци (може да биде организирано)
  • Транспорт до локацијата (може да биде организирано)
  • Дополнителни активности надвор од основниот креативен процес

Art with a Twist е интерактивна креативна работилница каде забавата и уметноста се среќаваат на неочекуван начин. Времетраењето е околу два часа, а активноста може да се организира на отворен или затворен простор, низ цела Македонија, со цел да донесе незаборавно креативно искуство за секого.

Работилницата е дизајнирана да инспирира и да овозможи учесниците целосно да се впуштат во креативен процес, полн со забавни моменти. Обезбедени се простор за работа и сите потребни материјали – платна, бои, четки, престилки, ракавици и комплетен сет за секој учесник, за да се фокусираат на создавање и креативност.

Во текот на работилницата, учесниците ќе добиваат инструкции и поддршка од ликовен водич, што го прави искуството едноставно, забавно и инспиративно. На крај, секој учесник ќе ги земе своите уметнички дела како траен спомен од ова незаборавно искуство.

Art with a Twist е идеална за сите – пријатели кои сакаат незаборавно дружење, семејства со деца кои сакаат креативни активности, индивидуални учесници кои бараат нови искуства, како и тим-билдинг групи. Оваа работилница е совршен избор за сите кои сакаат да пробаат нешто ново, инспиративно и креативно.

Подгответе се за едно незаборавно креативно искуство кое ќе ве изненади, инспирира и ќе остави траен спомен!

Остави Коментар