Автентично македонско гастрономско доживување за мали групи во Охридско – село Рамне.
2,152.00 ден
Учиме да Сучиме со Кајак.мк и Наташа. Автентично македонско гастрономско доживување за мали групи во Охридско – село Рамне. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна сума, по која можете да потврдите резервацијата.
Вклучено во цена:
- 40 € по лице – доживување со мени со месо
- 35 € по лице – вегетаријанско доживување
- Се што е вклучено во цената е наведено во деталниот опис
- Цената може да варира во зависност од интересот и барањето на гостите кои треба да потенцираат во самото барање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (може да се организира со доплата)
Автентично македонско гастрономско доживување за мали
групи во Охридско – село Рамне.
Подготвено под традиционална пирустија од локални домаќини.
Традиционално македонско гастрономско искуство •
Пирустија под сач • Селски живот • Локални семејни домаќини • Село Рамне,
Македонија
Откријте едно од најавтентичните традиционални гастрономски доживувања во Македонија – интерактивно искуство со готвење под пирустија (печeње под сач), организирано од локално семејство во планинското село Рамне. Ова не е посета на ресторан, туку вистинска македонска селска дружба, каде што храната, природата, традицијата и гостопримството се спојуваат во едно целосно доживување.
Добредојде и традиционално гостопримство
Гостите се пречекуваат во духот на вистинското македонско
гостопримство со:
- Домашно
слатко (бели или црни цреши, смокви или малини)
- Чаша свежа изворска вода од село Рамне
Традиционални стартери и домашни апетисани
Пред започнување со готвењето, се подготвува богата трпеза
со стартери, која вклучува:
- Свежа
сезонска салата (домати, зелка, краставица, пиперки, морков, цвекло)
- Локално
сирење (кравјо, овчо или козјо)
- Интегрални
крекери со семки
- Апетисани
(најчесто ореви)
- Печени
тиквички
- Печени
печурки
- Маслинки
- Традиционални
намази:
- Охридско
макало од лук
- Домашен
хумус
- Пинџур
- Пржени
или плускани пиперки
- Домашна бела или жолта ракија
Интерактивна подготовка на комат (традиционална пита)
На традиционалната дрвена работна маса (бљуд),
гостите ќе ги најдат сите потребни состојки и алатки за подготовка на еден или
повеќе комади (традиционални македонски пити):
- Брашно
- Квасец
- Путер
- Дрвени
даски и ножеви
- Свежо
сирење (урда / изварок)
- Праз
- Спанаќ
- Блитва
Учество на гостите
Гостите се добредојдени активно да учествуваат во:
- Сецкање
на зеленчук
- Подготовка
на филот
- Месење
на тестото
- Сучење
на тестото
- Процесот на печење
Свеж фил од градина
Филот за коматите се подготвува од:
- Праз
- Спанаќ
- Блитва
- Штавeј
- Диви
коприви
Сите зелени намирници се свежо набрани од нашата градина и
се комбинираат со:
- Домашни
селски јајца
- Свежо локално сирење (урда / изварок)
Доживување со печење под пирустија (под сач)
Заедно со домаќините, гостите учествуваат во традиционалниот
процес на:
- Месење
и растегнување на тестото
- Подготовка
на коматот
- Печење
на коматот под пирустија (сач / железен вршник)
Гостите слободно можат да фотографираат и снимаат за време на целиот процес.
Послужување на свежо печениот комат
Откако ќе се испече, коматот се послужува топол. Гостите
можат да изберат да го консумираат со:
- Домашно
кисело млеко
- Домашно
бело или црвено вино
- Домашен овошен компот (сок)
Вклучени пијалаци (избор по гостин)
Секој гостин избира една опција:
- 2
чаши домашно црвено вино
- 2
чаши домашно бело вино
- 2
чаши домашен овошен компот
(дренки, вишни, сливи, праски, боровинки или мешано) - 1 чинија домашно кисело млеко
Опционално мени со месо (со претходна најава)
За гостите кои ќе изберат мени со месо (бројот мора однапред
да се потврди):
Опција со свинско месо:
- Свинско
печење (удина, плешка или кременадли)
- По
две парчиња по лице
Напомена:
Целото месо е од нашата сопствена мини-фарма, која гостите имаат можност да ја
посетат за време на доживувањето.
Алтернативни опции со месо:
- Динстано
телешко или пилешко месо
За гости кои не консумираат свинско месо (од нашата фарма или од проверени локални фармери).
Неограничена сезонска салата
Свежа сезонска салата се надополнува постојано и се служи како прилог за време на целиот ручек.
Домашен десерт и топли напитоци
За крај на доживувањето, гостите се послужуваат со домашен
традиционален десерт, како:
- Раванија
- Овошна
торта
- Попарена
торта
- Медено
срце
Со десертот се служи:
- Филџан
традиционално турско кафе
или - Шоља планински билен чај, набран од планината Галичица
Времетраење
Приближно 2–3 часа
Цена
- 40
€ по лице – доживување со мени со месо
- 35 € по лице – вегетаријанско доживување
Важни напомени – Нашата филозофија
- Целата
храна се подготвува свежо, на самиот ден на доживувањето
- Намирниците
потекнуваат од:
- Наше
сопствено производство (јајца, месо, зеленчук, овошје)
- Околните
планини (билки, диви плодови, печурки, чај)
- Локално
население (сирење, кисело млеко, брашно мелено на камен, домашен путер,
природен квас)
Ова е нашата семејна приказна и наш начин на живот.
Живееме во склад со природата, ја почитуваме храната и традицијата и ова
искуство го споделуваме искрено и отворено со нашите гости.
ЛОКАЦИЈА