НОВО

Тура низ Отоманската империја на Старата Скопска чаршија: Скопје, Македонија

Тура низ Отоманската империја на Старата Скопска чаршија: Скопје, Македонија . Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Лиценциран туристички водич
  • Влезници
  • Турско кафе/Десерт

Не е вклучено во цена:

  • Ручек/Вечера (опција да биде организиран и вклучен во цената)
  • Лични трошоци

Старата Скопска чаршија. Срцето на Скопје.

Споменик од едно минато, но не толку далечно време.

Оваа чаршија е еден од најголемите и најстарите трговски комплекси на Балканот и се смета за важен дел од историјата на Скопје. 

Секој што ќе дојде во Македонија, а особено во Скопје, треба задолжително да ја посети. 

На нашата денешна тура ќе ги раскажеме приказните на чаршијата од времето на Отоманската империја.

Отоманскиот период во старата скопска чаршија оставил значителен печат на архитектурата, културата и обичаите на градот. Чаршијата била центар на трговијата и културниот живот во Скопје за време на Османлиското владеење. Во овој период, Скопје било познато како важно трговско место во Јужна Европа, а старата чаршија била место каде што се одвивале активности поврзани со трговија, производство и социјални контакти.

Архитектурата од тој период вклучува многу значајни објекти како што се џамии, анови, турски бањи и пазари, кои и денес се дел од уникатниот амбиент на чаршијата. Многу од овие објекти се зачувани до денес, иако некои се променети или обновени со текот на времето. Карактеристичните камени улици и калдрми, заедно со старите продавници и работилници, создаваат единствена атмосфера што ја пренесува историјата и традицијата на Скопје.

Дел од културното наследство од османлискиот период се и традициите и обичаите кои биле присутни во чаршијата. Љубовта кон ракотворствата, како што се златарски производи, кожарски и бакарни производи, била видлива во локалните продавници и работилници. Со векови, ова место стана дом за многу различни етнички групи, кои го збогатиле локалниот културен живот.

Скопската чаршија, како дел од османлиската историја, и денес претставува симбол на мултикултурализмот, во кој се спојуваат традициите на различни народи и религии.

Отомански споменици кои се посетуваат:

- Капан ан

- Куршумли ан

- Сули ан

- Даут-пашин амам

- Чифте амам

- Иса-бегова џамија

- Султан-Муратова џамија

- Мустафа-Пашина џамија

- Стара турска пошта

- Камен мост

- Саат-кула

Турата не би била комплетна без да пробаме турско кафе подготвено на песок. Со кафето секако најдобро се комбинира десерт од Отоманскиот период.

Турата е во времетраење од 4-6 часа.

Најдобар период за разглед е во попладневните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар