Хотел за домашни миленици

Skopje
Цена од:

700.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените зависат од видот или големината на животинчето па така:
  • Мали кучиња - 700 денари од ден
  • Средни кучиња - 800 денари од ден
  • Големи кучиња - 900 денари од ден
  • Мачиња - 500 денари од ден
  • Зајчиња, папагали, хрчаци - 200 денари од ден
  • За животинки што бараат посебна грижа цената е повисока меѓутоа индивидуална зависно од обврските кон нив.

Не е вклучено во цена:

  • Во цената не е вклучена храна
  • Транспорт на миленичето

Хотел за домашни миленици. Хотелот за миленици можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.



Новите домаќини кои од денеска се дел од нашиот свет го носат името „М&M“ и за Кајак.мк велат дека во нивниот хотел се добредојдени сите миленици.

Ние разговаравме со Мартина, која вели се наоѓаат во Сопиште, на 500 метри надморска висина. Во нивниот објект честопати може да се забележат зајчиња, птици, мачиња, кутриња. Сите видови се одвоени едни од други за да не настанте конфликт помеѓу „гостите“, но тие им посветуваат доволно внимание на сите гости се со цел да им ги угодат потребите. Мартина вели дека имале и агресивни кучиња, питоми, со социјална анксиозност, несоцијализирани и тоа е најголемиот предизвик што доаѓа со нивната работата.

Бидејќи станува збор за отворен концепт бројот и капацитетот е секогаш различен. Односно зависи од групата на животни. На пример, кога има кутре со одредена здравствена состојба кое бара поголема грижа или пак кутрето е агресивно тогаш капацитетот се намалува бидејќи грижата за тоа животно е пообемна.

Во секој хотел гостите имаат храна, па така и во хотелот „М&M“. Храната за гостите овде е домашно приготвена здрава закуска, која изобилува со витамини и протеини. За гостите алергични на одредени состојки се подготвува специјална храна за време на нивниот престој. Со еден збор, целта е да се чувствуваат како дома.

Заедно со Мартина, во приказната е и Миле, а како асистенти се јавуваат 2 папагали и 4 кучиња. Мартина вели дека таа и Миле се одговорни за гушкањето, галењето и гиржата, додадека папагалите се одговорни за музиката и атмосферата, а кучињата за игрите и бркотниците.

Мартина и Миле се големи љубители на животните и активисти за правата на животните. Според нив ова е главната причината поради која имаат толку многу свои животни. Моментот кога одлучиле да појдат сите заедно на планинарење, сфатиле колку е комплексен целиот процес за луѓето, но и за животните, а тоа ги поттикнало да размислуваат за отворање на ваков хотел.

Нивното искуство и активизмот што го шират низ годините наназад им го олеснил патот кој градење база на клиенти. На почетокот, Мартина вели дека започнале со едно до две животинки на пријатели или познаници и не очекувале дека ваквата тенденција ќе препрасне во нивна постојана и единствена работа.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување