Апартмани Дани: Дојран

Dojran
Цена од:

600.00 ден

Апартмани Дани: Дојран. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 20
Кревети : 20
Check In : 12:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Најниска цена од ноќевање за наем на соба
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Цените се истакнати во описот на вилата
  • ТВ/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна

Апартманите „Дани“ се наоѓаат во мирна област, надвор од гужвата, а сепак блиску до се. Соседството е доста мирно. Располага со 4 апартмани. Три апартмани имаат една соба и располагат со брачен кревет и по 1 единечен кревет. Еден апартман е со 2 посебни соби, со брачен кревет во едната соба и два единечни кревети во другата. Исто така има и само соби со по 2 единечни кревети.

Апартманите располагат со посебно wc  и опремена кујна. Додека собите делат и кујна и wc.

Апартманите имаат wi-fi.

Нема приватен паркинг, но може да се остават автпмобилите на улицата (не се наплаќа)

Максималниот капацитет на вилата е за 20 лица.

Непосредно до вилата се наоѓа автобуската станица, има продавничка во близина, шеталиштето е само на 2 минути како и езерото, има плажа, парк и амфитеатар.

Сместувањето е по 12:00 часот. Но доколку гостите пристигнат порано може да го искористат дворот додека не биде се подготвено. Вилата не дозволува влез на домашни миленици.

Одјавувањето е до 11:00 часот.

Клучот се подига од домаќините при самото пристигнување. Доколку гостите останат на подолг период се врши промена на постелнините и пешкирите.

Цени: 1200 денари до 1400 денари за апартманите

Цени: 600 до 900 денaри за собите

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • boban blagoevski

    17.07.2023 10:35

    Дани апартмани едноставно одлични газдите гостопримливи хигиена одлична езерото е на 50 метри продавница на 50 метри кафулиња исто така близу препорачувам за сите возрасти

  • Monika Coneva

    15.07.2022 10:46

    So eden zbor FENOMENALNI