Хотел Белица, Горна Белица: Струга, Македонија
4,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Ноќевање за две лица од 65 евра
- Цената може да биде повисока за празници и во ек на сезона
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/TV
- Туристичка такса
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Белица, Горна Белица: Струга, Македонија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Хотел Белица е лоциран во Горна Белица, село во областа Дримкол, во општина Струга, во околината на градот Струга. Од градот е оддалечено 14км, а надморската височина е до 1420 метри. Патот до самиот хотел е асфалтиран.
Капацитетот на хотелот е 22 соби со околу 70 легла. Собите се од следниот тип:
1. Двокреветна соба (30м2 со еден брачен кревет)
2. Трокреветна соба (35м2 со еден брачен и еден единечен кревет)
3. Четворокреветна соба (35м2 со еден брачен и два единечни кревети)
Собите се модерно опремени со соствена бања со туш, тоалетни производи, фен за коса, LED телевизор, радио, будилник, гардеробер, бесплатен интернет, бар, сеф.
Во склоп на хотелот има ресторан, во кој може да уживате во најразлични кулинарски вкусови, подготвени од врвни готвачи. Хотелот нуди опција за појадок и вечера, како и а ла карт опција.
Од самиот хотел има разни понуди за зимски и летни спортови.
Достапен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Рецепцијата е достапна 24/7.
Check-in: 14:00
Check-out: 11:00
Хотелот е оддалечен само 5км од Вевчани.
Хотел Белица претставува идеално место за одмор и авантура, совршено сместено меѓу природната убавина на Дримкол и удобноста на современото сместување.
ЛОКАЦИЈА