СУПЕР БРЗ ДОМАЌИН

Ноќевање во дрвени буриња: Еко Камп- Езеро Младост

Вклучено во цена:

  • При самото пребарување на термин системот автоматски ви ја покажува вкупната цена за слободниот апартман
  • Цената е фиксна без разлика дали во бурето ќе бидат 2, 3 или 4 лица
  • Користење базен и реквизити
  • Wi-Fi
  • Греење/Ладење на клима уред
  • Обезбеден паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Можност за доплата на појадок по цена од 5 евра по лице во самото сместување
  • Опции за ручек и вечера

Еко камп на езерото Младост е сместување на Кајак.мк кој ја има титулата за СУПЕР БРЗ ДОМАЌИН! За да резервирате термин не треба да чекате одговор со цена! Со самото пребарување на терминот, вие авоматски ја добивате вкупната цена, а за да резервирате потребно е да ја платите 10% со картичка како капар/депозит, а остатокот го доплаќате на пристигнување. Доколку сакате да ја резервирате вилата во целост треба да видите дали сите три апартмани се слободни за вашиот термин и да ги резервирате сите три преку системот


Макс. Капацитет : 28
Кревети : 21
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

До самиот камп има нов пат, каде има доволно паркинг простор за сите кои ќе пристигнат со свое возило.

Еко кампот има 7 буриња кои имаат капацитет за по 4 лица, односно една спална соба со брачен кревет, и два единечни кревети кои се наоѓаат во предсобјето. Секое буре е опремено со клима уред за греење и ладење кое ги озвежува или загрева бурињата во многу кратко време. Секое буре има фрижидерче.

Во комплексот има нов затворен ресторан со прекрасен поглед каде гостите може да уживаат во вкусните оброци.

Секое буре е опремено со постелнини и пешкири кои се менуваат пред секој нов гостин, а доколку гостите останат подолго време, постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена.

Еко кампот располага со летен базен, многу реквизити за активности за деца и возрасни, ресторан и бар за храна со доста пристапни цени, кои функционираат на самопослуга.

Што се однесува до тоалети и кулатила, бурињата имаат заеднички одделни машки и женски купатила со одделни тушкабини кои гарантираат приватност и се веднаш до самите буриња.

Објектот има Wi-Fi.

Просторот има приватен паркинг обезбеден со 24/7 камера, но и одговорно лице кое го обезбедува просторот 24/7.

Максималниот капацитет на гости е за 28 лица.

Самиот просот има базени за користење за гостите, а надвор од просторот има патеки за пешачење околу езерото, трчање и можност за кајакарење.

Околината е мирна и тивка, идеална за одмор во природа.

Check in: 14:00 часот (со можност за флексибилно сместување доколку е слободно претходниот ден
Check out: 11:00 часот (со можност за флексибилно одјавување доколку нема нови гости)

Сместувањето се наоѓа на ридска област, непосредно до езерото Младост, со прекрасен поглед кон езерото.

Клучот се подига од одоговорно лице од рецепција или самиот бар.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Вкупен број на кревети: 21 кревет.

Греење/Ладење е со клима уред во секое буре.

Пребарај слободни термини

Дрвено буре бр.1

Ноќевање во дрвено буре.

Дрвено буре бр.2

Ноќевање во дрвено буре.

Дрвено буре бр.3

Ноќевање во дрвено буре.

Дрвено буре бр.4

Ноќевање во дрвено буре

Дрвено буре бр.5

Ноќевање во дрвено буре.

Дрвено буре бр.6

Ноќевање во дрвено буре.

Дрвено буре бр.7

Ноќевање во дрвено буре.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Даниела Стојмировска

    05.03.2025 21:00

    Здраво! Дали има слободен простор за во сабота за едно ноќевање? Благодарам

  • Vasil Teodosievski

    29.06.2024 14:23

    Ubavo !!!