Хотел Интернационал Палас: Велес, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Интернационал Палас: Велес, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Инернационал Палас, сместен во срцето на Велес, на
плоштадот Сармаале. Луксузен хотел со четири ѕвезди.
Располага со вкупно 48 соби.
- Делукс
двокреветна соба: со два одделни кревети или еден голем брачен кревет,
идеална за парови или пријатели.
- Делукс
четворокреветна соба: опремена со два одделни кревети и еден голем брачен
кревет, погодна за семејства или групи до четири лица.
- Делукс
двокреветна соба со балкон: нуди еден екстра голем брачен кревет и
приватен балкон со прекрасен поглед.
- Делукс
суит со спа када: луксузен апартман со екстра голем брачен кревет и
приватна спа када за дополнителна релаксација.
- Делукс
јуниор суит: апартман со спална соба со брачен кревет и дневна соба со
софа на расклопување, обезбедувајќи дополнителен простор и комфор.
- Делукс
еднокреветна соба: совршена за индивидуални патници, опремена со едно
единечно легло.
- Комфорт трокреветна соба: со еден единечен кревет и еден екстра голем брачен кревет, идеална за три лица.
Собите се oпремени со клима уред, звучна изолација, сефови, ТВ со рамен екран и пространи балкони за уште поголемо уживање.
Check-in:14:00-23:30
Check-out:10:00-11:00
Во склоп на
хотелот има ресторан, во кој гостите може да уживаат во појадок секое утро.
Дополнително, хотелот нуди бесплатен Wi-Fi и приватен
паркинг за своите гости.
Домашни миленици се дозволени, но може да бидат наплатени дополнителни трошоци.
ЛОКАЦИЈА