СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Викендица во село Отовица

Veles
Цена од:

2,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 2000 до 3000 денари од вечер
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Игралиште

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Се наоѓа на велешко езеро во село Отовица, веднаш до автопатот.

На располагање е цел спрат од куќа, три соби, 4 кревети и еден седмосед, собира максимум 6 лица. Посебен влез има со надворешни скали, на прв спрат. Вилата има кујна целосно опремена, фрижидер, микровална, шпорет, умивалник, прибори за 6 луѓе.

Има интернет неограничен од Телеком, погоден за фриленсери.

Има приватен паркинг, цел двор е на располагање, собира три коли без проблем.

На 650 метри има мини маркет во центар на селото, на 700 метри е езерото Младост каде има 4 ексклузивни ресторани и места за шетање и рекреација, на 3 км има две винарии (Шато сопот и Тристо)

Во непосредно соседството има три куќи кои се користат како викендици, се посетуваат од страна на сопствениците најчесто за празници и викенди, мирно и тивко.

Check in: 13:00 часот
Check out: 11:00 часот

Self check-in (за кој гостите добиваат инструкции за влез).

Постелнините се менуваат еднаш на 7 дена.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има два метални потпирачи за велосипеди.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dijana STANKOVIKJ

    07.09.2023 07:51

    Definitivno edno od poloshite mesta koi sum gi posetila. Ne preporachuvam