Вила на Езеро Младост, Велес
1,700.00 ден
Вклучено во цена:
- Студио апартман 1700ден.
- Еднособен апартман 2000ден.
- Еднособен апартман 2500ден.
- (Цените зависат од периодот и сезоната)
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата располага со 3 апартмани. Секое студио-апартман кој располага со брачен кревет и двосед кој може да се пушти. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Еднособен апартман кој располага со брачен кревет во
спалната и тросед на спуштање во дневната (со опција за дополнителен мобилен
кревет).
Еднособен апартман кој располага со брачен кревет во
спалната соба и два поединечни во дневната соба (со опција за дополнителен
мобилен кревет).
Апартманите располагаат со се што би Ви требало за удобен
престој. Секој апартман има посебен влез, посебен тоалет и посебна тераса со
поглед кон дворот. Располагаат и со машина за перење, фрижидери, инвертери за
ладење и греење, парно на пелети и камин. Апарати за туско кафе и фенови има во
секој апартман. Прва помош има во секој апартман исто и противпожарен апарат.
Има паркинг веднаш до вилата, лулашки во дворот за младите
гости и фурна достапна за гостите, доколку имаат потреба.
Во апартманите има
мини кујни, опремени со микробранова и електрични плотни.
Вилата има
бесплатен wi-fi.
Има приватен паркинг, веднаш до вилата.
Максималниот капацитет е 12 луѓе.
Вилата е комплетно изолирана и во околината има природа и
лулашки за деца во дворот.
Вилата се наоѓа веднаш до автопатот, 400 метри од излезот
Велес Север.
Лоцирана точно измеѓу центарот на градот Велес и локалната
туристичка атракција
Смарт Езеро Младост.
Езерото е артактивна атракција за туристи, опкружено со
пешачки патеки, плажи, лулки, ресторани и многу природа.
10 минути од вилата се наоѓа и одличната винарија “Chateau
Sopot” која располага со феноменален поглед и високо квалитетна храна и вино.
Сместувањето се наоѓа во рурална област, на 10 минути од
градот.
Соседството е многу тивко, вилата се наоѓа на приватен плац
и околината е прилично стоична.
Check in: 14:00 натаму. (Може да се организира доколку има
потреба и соодветни услови и порано и подоцна)
Check out: 12:00 часот
Клучот се подигнува кај вилата при сместувањето
Постелнината и крпите се менуваат на секои три дена, доколку
има потреба и почесто.
Бенефитите од местоположбата на сместувањето е што тоа се
наоѓа веднаш до автопатот Е-75.
Изолирано е, но на многу комуникативно место и брзо се
стигнува до сите атрактивни локации во регионот. За да се излезе на автопат кон
Скопје или Гевгелија не треба да се мине низ градот.
На прошетка може да се оди на езерото кое се наоѓа на 2.5км
и е опколено со пешачка патека и природа.
Сместувањето дозволува миленици без никаков проблем и без
допплата.
Има сосема доволно простор за велосипеди и доколку има потреба, има гаража во која можат да бидат заклучени.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Борче
29.12.2024 20:47
Добри работи: Студио како студио, имаш еден кревет со релативно ок душек и перници за да преспиеш, среќа е тоа што имаше поголема палета на постелнинс. Битна работа: По ладно сместување (во декември месец) немам посетено. Во 3 часот по полноќ излегов надвор на цигата за да се СТОПЛАМ, греењето на е на клима која не е исчистена очигледно никогаш, повеќе тропа додека работи и не те остава да спиеш отколку да те стопли. Подот е плочка кои секој еден степен заедно со ѕидовите го впиваат и испуштаат надвор. Подобро ќе беше креветот од палети да го изнесам надвор. Освен ѓезве за да стоплиш вода и лажичка, над сиромашното фрилидерче не можеш да најдеш ништо, па дури ни пластично ноже за да намачкаш паштета на лебче. Топла вода иако е измислена дамнешни векови пред нашата ера, во ова студио беше измислена именка, имаш топла вода во бољерот едвај да измиеш 2 филџани од кафе и претходно споменатата лажичка, а ако веќе си влегол да се тушираш, мора да си спремен дека тоа дејствие ќе го проследиш со ладната вода на Велешкиот водовод и нејзиното топлење во зависност од сончевиот ден. Голема благодарност до купката и шампонот кои веројатно ги оставиле претходните гости поради неможножност за лична хигиена.