СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Планинска куќа во Папрадиште

Veles
Цена од:

6,150.00 ден

Вклучено во цена:

  • Куќата се издава на минумум 5 дена по цена од 150 евра од ден
  • Доколку гостите останат плус 3 дена повеќе цената се намалува за 50 евра од ден
  • Цената ја диктира домаќинот и конкретната сума ќе ја добиете од дирекна комуникација

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Планинската куќа се наоѓа во село Папрадиште на 1000 метри надморска височина. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 12
Кревети : 12
Pet Friendly
Паркинг
Чист Воздух

Во приземјето се наоѓа дневна соба, кујна која излегува во двор.

На прв спрат има дневна, кујна и трпезарија, соба со кауч, купатило со тоалет.
На втор спрат има 3 спални соби со брачни кревети, а во една од спалните има дополнителен помошен кревет, а во втората има биро за работа. На третиот спрат има купатило со тоалет.
На поткровјето има тросед на развлекување и дополнителен помошен кревет.

Собите се опремени со парно на дрво, еден камин во главната дневна просторија и телевизор.

Куќата има опремена кујна.

Куќата немa Wi-Fi.

Куќата има приватен паркинг.

Максималниот капацитет на гости е: 12 лица.

Check in: Флесибилен (Со договор)
Check out: Флексибилен (Со договор)

Во соседството има куќи кои ги користат претежно за викенди.

Клучот се подига од сопствениците.

Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од деновите на престој.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Сутка Оцедова

    10.06.2023 19:17

    Во Папрадиште, некогашно Ѕвезданово, кое ние уште во првата ноќ го именувавме како Ѕвездарево, се полнат и најистрошените ,,батерии,,. Искуството од неколкудневниот престој (семејно) е неспоредливо со сите досегашни дестинации. Мир и предизвик, спокој и опој, во едно мало ,,гнездо,, оградено од високи планински врвови, води кои жуборат на секој чекор и птици кои пеат и за будење и за успивање. Неверојатно! Можностите за импресии ги умножува локацијата и перспективата кон планините и небото, од оваа куќа, љубезните и пресретливи домаќини.