Планинска вила со базен во село Бигла на 700мнв
5,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартман
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Летен сезонски базен
- Паркинг
- wi-fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила на Бигла. Можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации преку мејл, така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа на 700 метри надморска височина, во село Бигла, населено место од разбиен тип, сместено во густа борова шума. До вилата води лесно пристапен асфалтен пат, што овозможува удобен пристап во текот на целата година.
Вилата располага со 2 целосно одвоени апартмани, секој со свој сопствен влез. Вкупниот капацитет е до 10 гости, односно по 5 лица во секој апартман.
АПАРТМАН 1:
- Спална соба со брачен кревет
- Пространа дневна соба со кауч на развлекување
- Дополнителен преклопен кревет
- Целосно опремена кујна
- Трпезарија
- Купатило со тоалет
- Голем LED телевизор
- Бесплатен Wi-Fi
АПАРТМАН 2:
- Спална соба со брачен кревет
- Пространа дневна соба со кревет на развлекување
- Дополнителен преклопен кревет
- Целосно опремена кујна
- Трпезарија
- Купатило со тоалет
- Голем LED телевизор
- Бесплатен Wi-Fi
Секој апартман располага со сопствено купатило и тоалет. Дополнително, во близина на базенот има уште една бања со тоалет, достапна за гостите.
Дневните простории во двата апартмани се пространи и располагаат со трпезарии, големи LED телевизори и бесплатен Wi-Fi.
Во дворот има голема тераса, уреден двор и градина, како и приватен базен, заеднички за двата апартмани. На располагање има и простор за скара, надворешен мебел и лулашки за деца.
Кујните во двата апартмани се целосно опремени и овозможуваат подготовка на оброци за време на престојот.
Клучот се подига од домаќините на сместувањето.
Постелината се менува по пристигнувањето на секој нов гостин или на секои 5 дена при подолг престој.
Домашни миленици не се дозволени.
Греењето е на парно на дрва.
Вкупен капацитет: 10 лица
Вкупен број на кревети: 6
Број на апартмани: 2
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Дарко Бистановски
31.08.2025 22:43
Одлична вила. Комплетно опремена. Базен и џакузи спремни. Мирен простор далеку од гужва. Одлична природа. Вреди да се посети
-
Александра Сотирова
22.08.2024 18:43
Прекрасна вила во близина на село Бига. Пространа и чиста. Идеална за повеќе луѓе. Тивка околина идеална за убав одмор и рекреација.