СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Планинска вила со базен и сауна

Delchevo
Цена од:

4,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила со капацитет до 6 возрасни лица со базен и сауна
  • 3600 денари е цената за наем на цела вила само за 2 лица со вклучено користење сауна
  • Цена за октомври 2024: 2000 денари за сите работни денови
  • Користење базен во текот на летниот период
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг
  • Опремена кујна

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата има базен и сауна. За да ја резервирате на ваше име потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот. По добиениот одговор ќе можете да ја резервирате преку мејл. Стекнете навика да резервирате преку мејл бидејќи така е најбезбедно и сигурно за вас.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на 1050 метри надморска височина и на 6 километри од Делчево, на 1 километар од граничниот премин Делчево, на меѓународниот пат А3 кон Бугарија.

Вилата има 2 спални соби, огромен салон од 40 метри квадратни, купатило. Една од спалните има брачен кревет и еден единечен кевет, а другата има три дупли брачникревети, но постои можност и за спиење во дневниот престој на петтоседот кој е на развлекување.

Вилата има телевизор и wi-fi.

Затоплувањето е со грејни тела и камин на дрва.

Вилата има комплетно опремена кујна за готвење.

Вилата има паркинг простор.

Вилата располага со сауна.

Максималниот капацитет на вилата е за 6 возрасни+ 4 деца.

Вилата е опколена со борова, букова и дабова шума и на 1 километар е граничниот премин Делчево каде има отворен FreeShop.

Во околината има патеки за пешачење и велосипедизам. Објектот е изграден од природни материјали како дрво и камен, а во склоп на викендицата има природно езерце од 120 м2. Домаќините во моментот изработуваат визба која ќе биде сместена во карпите, а чија намена ќе биде за дегустација на вино и ракија. Во склоп на викендицата ќе има и сауна.

Вилата нуди комфор и е идеална за луѓе кои сакаат да се одморат, луѓе кои работат од дома и сакаат да ја заменат канцеларијата со викендицата на одреден период.

Од храна по барање на гостите се нуди:

Домашна селска баница и зелник, качамак со клиси

Во околината на викендицата нема други вили и викендици, што значи дека ова викендица нуди целосна приватност.

Check in: Во договор со домаќинот (Флексибилно време)
Check out: Во договор со домаќинот (Флексибилно време)

Клучот се подига од сопственикот

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои три дена доколку гостите се задржат подолго време.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици но со претходен договор со домаќинот и има простор каде може да се остават велосипедите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Erika Asanova

    13.11.2024 14:44

    Одлична дестинација за одмор опуштање, бегство од секојдневие. Одличен поглед и одлично опремена вила. Достапен домаќин во секое време.

  • maja

    29.09.2024 22:21

    prekrasno

  • Sanja

    29.09.2024 22:21

    Preporaka za site ljubiteli na ubavi neshta, prekrasna lokacija , preubava vila opremena bukvalno so se sto vi e potrebno, preljubezen domakin dostapen vo sekoe vreme ...vase e samo da si zemete ubavo drustvo i da uzivate

  • Aleksandra Stefanovska

    11.09.2024 17:30

    Таман кога ќе помислиш има надеж за македонскиот туризам. Комплетно разочарување од однос на домаќин. Ја потврдив резервацијата за која не беа ни сигурни, за наеднаш да ми кажат дека вилата нема да работи цела недела. Без да ги контактирав немаше ни да ми кажат. Месец ипол исчекување за 3 дена пред пат ми откажат. Ужасна непрофесионалност и неодговорност.

  • Nikola Nikolovski

    28.08.2024 20:20

    Prekrasno mesto, mora da se poseti! Vo plan sme da posetime povtorno

  • Nikola Nikolovski

    28.08.2024 20:20

    Odlichno mesto, se gleda deka e praveno za svoja dusha. Bevme ednash, vo plan ni e i vtora poseta

  • Stojan

    18.07.2024 15:20

    Најдобра вила и најдобар домаќин!

  • Жана Конзулова

    11.06.2024 12:12

    Одчичмо место за уживање

  • Melisa Prole

    02.06.2024 21:38

    Preubavo mesto za odmor i relaksacija. Topla gostoprimlivost i sekoja cest na domakinot. Topla preporaka do sekoj koj saka da uziva vo mir , tisina , cist planinski vozduh. Preubavo e.

  • Marina Zdravkovski

    13.11.2024 22:34

    Zdr Za period 29 I 30.11 Dali e slobodna

  • Angel Pavlov

    06.09.2024 16:50

    Dali vilata e slobofna za 2ca na 10, 11, 12, 13ti Septemvri za 4 nokji (vtornik do sabota), i kolku bi iznrsuvala cena vkupno? Kolku bi bila cenata za 2 para t.e. za 4 vozrasni bez deca? Ve molam pidete da planirame. Vi blagodaram, Angel.

  • Ивана Белчева

    29.08.2024 06:35

    Вистинско место за уживање во природа, вилата ги нуди сите услови за сместување со семејство или пријатели. Прекрасна летна кујна, базен со платформа, сауна и туш со поглед на шумата. Се радуваме на нашиот следен престој, најтопло ја препорачувам.

  • xhelal latifovski

    09.08.2024 11:26

    sakam da prasam za datum od 25 do 30 koha cena bi ki billa ve mollam

  • Baze Jordev

    09.08.2024 09:39

    Zdravo,Dali e slobodna vilata za 24-25 avgust Za dve vozrasni i dve deca od 7 i 8 godini

  • Елена Сливоска

    01.08.2024 08:36

    Здраво, сакам да резервирам за една вечер во период од 03.08- 04.08, дали е слободно?

  • Елена Сливоска

    01.08.2024 08:34

    Здраво, сакам да резервирам за една вечер во период од 03.08- 04.08, дали е слободно?

  • Кузманова Зафировска Далиборка

    30.07.2024 10:37

    Sloboden termin od 02-05.08 dali ima ?

  • Elena Trifunovska

    26.07.2024 15:58

    Utre i nedela

  • Violeta Badjukova

    24.07.2024 18:56

    Zdravo sakam da rezerviram Za Ovaa sabota od 26 do 27mi

  • Драган Петров

    21.07.2024 21:07

    Здраво, дали имате слободен термин за вилата? Крајот на Јули или Август?