СУПЕР ДОМАЌИН

Модерни апартмани во Охрид

Ohrid
Цена од:

8,000.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица во сместувањето од 8.000 денари за едно ноќевање
  • Цена за 3 лица во сместувањето од 7.800 денари за едно ноќевање
  • Цена за 4 лица во сместувањето 10.000 денари за едно ноќевање
  • Цените се движат по наем на апартмани и варираат во зависност од периодот, бројот на луѓе и период
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Модерни апартмани во срцето на Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 12
Beds : 12
Check In : 15:00
Check Out : 11:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

Станува збор за три модерно и луксузно опремени апартмани кои се наоѓаат во иста зграда во строгиот центар на Охрид. Апартманите може да се резервираат одделно, а поголеми групи гости имаат можност да резервираат повеќе апартмани заедно.

Апартманите се распоредени во истата зграда:

  • еден апартман на приземје
  • еден апартман на втор кат
  • еден апартман на трет кат со лифт

Секој апартман располага со:

  • спална соба со брачен кревет
  • дневна соба со софа на развлекување
  • приватно паркинг место
  • брз Wi-Fi интернет (1000 Mbps)
  • телевизор со 1000 канали
  • тераса
  • машина за перење
  • целосно опремена кујна
  • трпезариска маса
  • маса и столчиња на терасата
  • големи шкафови за алишта
  • мали шкафчиња до креветите
  • фрижидер со замрзнувач

За секој гостин се обезбедуваат еден мал и еден голем пешкир.

Секој апартман има своја целосно опремена кујна со сите потребни елементи за удобен престој.

Објектот располага со приватен паркинг за сите три апартмани.

Максималниот капацитет е:

  • до 4 лица по апартман
  • до 12 лица доколку се резервираат сите три апартмани

Апартманите се наоѓаат во строгиот центар на Охрид, во нова зграда со целосно ново и луксузно уредени станови. Локацијата е идеална за истражување на градот:

  • Охридската чаршија – 1 минута пешачење
  • Охридското Езеро – 5 минути пешачење
  • стариот дел на градот – 5 минути пешачење
  • Самуилова Тврдина – околу 10 минути пешачење
  • црквата Св. Јован Канео – околу 15 минути пешачење

Во непосредна близина има маркети, ресторани, кафулиња, пристаниште, бродови и катамарани.

Иако се наоѓаат во центарот, апартманите се сместени на мирна и тивка улица, без голема бучава. Соседството е пријатно и зградата сè уште не е целосно населена.

Check-in: од 15:00 часот па понатаму
Check-out: до 11:00 часот

Гостите можат да изберат начин на пристап:

  • лично пречекување од домаќинот
  • самостојно влегување со клуч кој се наоѓа во lockbox пред апартманот

Постелнината и пешкирите се менуваат по секоја промена на гости. За подолги престои, по потреба може да се обезбедат нови постелнини во текот на престојот.

Домашни миленици се дозволени.

Сместувањето располага со простор за остава на велосипеди.

Вкупен број на кревети:

  • 4 кревети по апартман
  • 12 кревети вкупно во трите апартмани

Греењето и ладењето се обезбедени со клима уред во дневната соба, додека во спалните соби има панелни греалки или вентилатори.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување