Планинска дрвена куќичка во Суви Лаки
3,300.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е за наем на куќичката
- Kуќичката се изнајмува на минимум 2 ноќи
- Греењето е на дрва на камин
- Преку лето овде не ви е потребно ладење
- Паркиг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Дрвената куќичка можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Цената е фиксна и е наведена во опис, затоа доколку се одлучите да резервирате по таа цена испратете ни барање. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Локација:
- Апартманот се наоѓа во Суви Лаки, во подножјето на планината
Огражден, во близина на комплексот Бела Вода и други викендици.
Соседството е составено од неколку вили.
Сместување:
- Апартманот располага со две соби. Од кои една спална соба и една соба за дневен престој. Во спалната соба има брачен кревет, додека пак во дневниот престој има кревет на развлекување за 2 лица.
- Вклучува една спална соба, дневна
соба со мала кујна и кревет што се развлекува, тоалет, камин, ТВ и тераса, како
и двор.
- Кујната е опремена
- Сместувањето нема Wi-Fi.
- Има приватен паркинг
- Максималниот капацитет е за четири лица.
Пристигнување и Одјавување:
- Гостите може да се сместат од 15
часот, а исто така треба да се одјават до 15 часот.
- Клучот се подига од домаќинот на сместувањето.
Услуги:
- Постелнината и пешкирите се менуваат по секое одјавување на гостите.
- Дозволен е влез на домашни миленици и има простор за оставање на велосипеди.
- Доколку куќичката се резервира на подолг период, цената ќе се намали
Атракции и Активности:
- Во околината може да се ужива во прошетка околу планината, да се посети водопадот и комплексот Бела Вода, како и возење велосипед.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Ангелина Спасовска
29.11.2024 21:42
Здраво, сакаме да ја резервираме вилата за 2 ноќевања (31ви декември и 1ви јануари 2024 година). Дали е слободна и која е цената?
-
Sanela Nikolova
23.07.2024 20:21
Zdravo sakam da prasam za cenata vo period od 20 do 23 avgust
-
Maja Popovska
29.04.2024 15:04
Dali e slobodna za 30.04 do 02.05 dve nokevanja
-
Renata Petrusevska
12.04.2024 14:32
Od 13.04 do 14.04 za 4 osobi
-
Nela Nela
03.04.2024 18:26
Преубаво место за одмор и релаксирање во планина.Вилата е опкружена со прекрасна природа.Беспрекорно чисто и удобно опремено со сите кујнски елементи .Домаќините се услужливи и пријатни луѓе достапни секогаш за да ги контактирате. Топла препорака за секој кој сака да одмори и ужива во планина.
-
Monika Gaberova
28.03.2024 08:54
Куќичката е одлична. Се беше чисто. Дворот е голем и е супер за уживање. Поставена е така што ја грее сонце скоро цел ден и може максимално да се искористи времето надвор. Местото е мирно и е супер за одмор од неколку дена. Сопствениците насадија свежи цвеќиња пред да дојдеме што направи да изгледа уште поубаво. Препорачувам 10/10!
-
Simona Orceva
26.03.2024 09:31
Одлична локација со поглед кон борова шума. Куќичката е прекрасно уредена, чиста со камин на дрва. Целосно се опремени и кујната и тоалетот. Многу чисто со чисти пешкири и постелнини. Дворот е огромен со зелена трева, дрвја, место за оган, скара, лулашка, детски играчки и сл. Идеално за секој кој ужива во природата. Препорачувам!