Вила на Беровско езеро со билјард, идална за цело ваше друштво

Berovo
Цена од:

2,000.00 ден

Во вилата можете да резервирате апартман за 2 лица или цела вила за до 14 лица. Погледнете ги цените, доколку ви одговараат испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.


Макс. Капацитет : 14
Кревети : 14
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на апартман или соба за 2 лица од ноќ е 2000 денари
  • Цена за наем на цела вила за 14 возрасни лица е 14000 денари
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Греење со парна инсталација на дрво

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата се наоѓа на одлична локација, од каде имате прекасен поглед кон планинската ширина.

Вилата има простран двор, скара во дворот, место за игри и седенка.

Вилата располага со вкупно 14 кревети, распоредени во апартмани и соби.

Вилата има два индивидуални апартмани во кои може да се сместат по 2 лица. Апартманите се опремени со кујна, дневен простор и кревети за спиење, тоалет и купатило и масчка со столчиња пред влезот.

Главниот објект е на две нивоа. На приземјето има три спални соби за по 2 лица, простран дневен простор со билјард, пикадо и опремена голема кујна.

На горниот спрат има две спални соби и заедничка кујна.

Што значи дека имате опција да изнајмите апартмани за 2 лица, да изнајмите цел долен спрат за 6 лица и горен спрат за 4 лица, а можете да ја изнајмите и цела вила за 14 лица.

Сместувањето има парно греење, за кое има котле и гостите треба да го ложат котлето со дрва.

Сместувањето има Wi-Fi.

Секоја соба има телевизор

Соседството е мирно и тивко.

Check in: 14:00 часот (со можност за флексибилно сместување)
Check out: 11:00 часот (со можност за флексибилно одјавување)

Клучот се подига од домаќинот на сместувањето.

Постелнината и пешкирите се менуваат при секоја промена на гости.

Сместувањето дозволува влез на домшани миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Aleksandar Iliev

    15.05.2024 18:15

    Dobra vecer Dali e slobodna cela vila 14 luge za 25.05.2024 so edna nok spienje?