Вила во Абланица: Берово
1,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица од ноќевање
- Престој во вилата се резервира на минимум две ноќевања
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- ТВ
- Приватен паркинг
- Дегустација на домашен мед за појадок
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата располага со дневна соба, трепезарија, кујна, три спални соби, огромен двор и тераса за уживање. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа во туристичката населба Албаница во регионот на Берово. Вилата е опколена со шума и е одлична за луѓе кои бараат вистински одмор.
Располага со три спални соби. Во секоја од спалните соби има брачен кревет, а во една од спланите има и еден дополнителен кревет единечен.
Вилата располага со дневна соба, трепезарија, кујна, три спални соби, огромен двор и тераса за уживање.
Кујната е опремена со мал шпорет, основни садови како чинии, чаши и слично. Кујната ги соодржи основните прибори за готвење.
Вилата е опремена со Wi-Fi.
Вилата располага со приватен паркинг.
Вилата е Pet Friendly.
Капацитетот на вилата е до седум возрасни лица. Идеална е за луѓе кои бараат спокој и мир, бидејќи околината е исполнета со борова шума, а исто така има уште неколку викендици.
Погледот од собите на вилата е фантастичен бидејќи таа е целосно опколена со шума. Има огромна површина со трева. Главна причина поради која би престојувале овде е чистиот воздух и недопрената придода. Вилата е идеална и за луѓето кои обожаваат велосипедизам, медитирање во двор и јога. Во самиот двор има и кош кој е постар но е функционален и му дава дополнителен шмек на целиот простор. Во дворот исто така има и лулашка. Вилата и собите се доста комотни.
Сместувањето е по 12:00 часот ако претходната ноќ во вилата имало гости, а доколку била празна тогаш може да се сместите и порано.
Одјавувањето е до 11:00, а доколку нема најава за нови гости тогаш е дозволено да се одјавите во попладневните часови.
Клучот се подига на лице место, со што ќе бидете воедно и запознаени со околината.
При пристигнувањето на гостите, вилата има нови постелнини и пешкири, а доколку гостите останат подолго време имаат на располагање резерва во самата вила.
Сопствениците на вилата им овозможуваат дегустација на мед на своите гости како појадок за време на престојот. Во околината на вилата може да го посетите Беровското езеро, градот Берово и хотел Аурора.
Престој во вилата се резервира на минимум две ноќевања.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Илија Подолешов
08.01.2024 16:39
Zdravo dali e slobodna za 18 19 i 20ti januari i cena za dvajca vozrasni i 6 godisno dete
-
Сопственици на Вила Абланица
31.10.2021 17:42
Симона и Ивана. Благодариме за Вашите критики. Со години наназад Вила Абланица успешно соработува со луѓе од цела Македонија па и странци. Скоро сите гости се со мали деца и до сега немало проблеми од ваков тип. Ќе ги искористиме Вашите коментари да гo поправиме нашето работење. Ви посакуваме се најдобро. Поздрав!
-
Ivana Ivanova
31.10.2021 08:06
Vila Ablanica voopsto ne e onakva kakva sto e pretstavena na slikite, "vilata" bukvalno se raspagja. Se e staro, nateupano, verojatno im vikendica koja popatno im sluzi kako ostava na sopstvenicote, toaletite se bulvalno fo faza na raspagjanje, se plasevme da ne ni se raspadnat nas pa da sme nie vinovni za toa. Tece voda od gorniot toalet, dolu pred vratata vlezna e mokro i nautro koga e zamrznato nemozes da izlezes od vrata. Voedno ednata spalna e 3 dusheci eden vrz drug, improvizacija na krevet.... mebelot se raspagja bukvalno, masickite se klatat, stolovite iskrsheni. So eden zbor UZAS!!! Se nadevam ke poshtedime drugi turisti od ova uzasno iskustvo.
-
Simona
29.10.2021 10:02
Vilata voopsto ne e kako na slikite! Vnatre prasina ne e izbrisano ne znam od koga, se e natrupano na sekoj kjosh, wc-ata ne se cisti, kazanceto vo gornoto wc e otvoreno i treba so raka da brcnes vo vodata za da pustis voda - totalna improvizacija. Koga se banjas vo gornoto wc, tece voda i dolu pred nadvoresnata vrata e lizgavo. Vo maloto wc dolu nema tecen sapun! Pajazini na sekoj kjosh vo site sobi! Vo spalnite gore duva od prozorite bidejki ne dihtuvaat ubavo, taka sto so sreka na tie sto ke prestojuvaat vo dekemvri. Edinstveno sto vredi e terasata. Med za degustacija nema, iako pisuva deka e vklucen vo cenata, koja e previsoka, a ne vredi voopsto. Iskreno vi preporacuvam UBAVO da razmislite pred da rezervirate. Jas licno, nikogas ne bi dosla povtorno.