СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Селска куќа во Русиново

Berovo
Цена од:

400.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ноќевање
  • Греење/Ладење
  • ТВ
  • Скара во двор
  • Градина со здрава храна

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Селска куќа во Русиново. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 7
Кревети : 7
Pet Friendly
Паркинг
Чист Воздух

Куќата се наоѓа во Русиново. Во неа има апартман опремен со удобни дормео кревети, дневна соба со тв и тераса. Располага со 2 спални соби ( Еден брачен кревет, другата соба со еден брачен, еден поединечен и плус уште еден дополнителен на спуштање за 2ца. )

Има кујна опремена со сите работи потребни за подготовка на храна. Шпорет, фрижидер.

Wi-fi нема, во блиска иднина ќе се среди и тоа.

Има приватен паркинг за 3/4 возила.

Максимален капацитет 7 лица.

Има фурна во дворот која гостите може да ја користат или доколку сакаат, домаќинот може да им спреми јадење за мерак, на традиционален начин. Имаме зелена градина и во зависност од сезоната, органска храна. Имаме и домашна фарма со кокошки и здрави, природни јајца. Храната која ја одгледуваме во градината и фармата секако може да биде дел од менито на гостите!

- Местото каде што се наоѓа куќата е населено но не густо населено.

- Домаќинот Војо е секогаш таму да ги пречека и испрати гостите.

- Доколку гостите останат повеќе денови постелата и пешкирите се менуваат редовно на 3/4 дена.

- Влез на домашно милениче е дозволен.

Сместувањето е флексибилно во зависнот од потребите на гостите.
Одјавувањето е исто така флексибилно, освен доколку истиот ден пристигнуваат гости, одјавувањето мора да биде до 14:00 часот.


Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово  е оддалечено 6 километри.


Цената на сместувањето е 400 денари по лице. За бајкери 350 денари. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување