Вила во дворче во Берово
8,900.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за изнајмување на целата куќа од ден (минимум 2 ноќевања) – 8.900 ден
- Цена за една соба (двојно легло + едно легло) – 2.000 ден од ноќевање
- Цена за една соба (двојно легло + едно легло) почнувајќи од 1.800 ден од ноќевање при резервација минимум за две или повеќе ноќи
- Цените може да се разликуваат во зависност од периодот и бројот на ноќи
- Паркинг
- Греење / Ладење
- Wi-Fi
- ТВ
- Опремена кујна
- Дегустација на шумски плодови
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила во Берово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Локација
Куќата се наоѓа на самиот влез во Берово, на оддалеченост од 1 км од центарот на градот. Најблиската продавница е на 500 метри (околу 5 минути пешачење), додека поголемите и подобро снабдени маркети, како Кит-Го и Пакет Маркет, се наоѓаат во центарот.
Соби и капацитет
Куќата е на два спрата со вкупен капацитет до 14 гости. Располага со:
- 4 трокреветни соби
- 1 двокреветна соба
Секоја соба е опремена со сопствено купатило, кабелска телевизија, Wi-Fi, пешкири, постелнина, фен, како и основни тоалетни производи (тоалетна хартија, сапун и шампон).
Содржини
На располагање на гостите има две целосно опремени кујни со трпезарија, како и заедничка просторија за дневен престој. Просторот е уреден во домашна атмосфера и вклучува интернет, кабелска телевизија и музички систем.
Надворешен простор и околина
Паркинг е обезбеден на самата улица пред куќата. Објектот се наоѓа на крај од слепа улица, во тивка и мирна средина. Во соседството живеат пријатни и гостопримливи жители на Берово.
Дополнителни информации
За сместувањето е задолжена тетка Мира, која е ваш главен контакт за резервации и комуникација. Домашни миленици се дозволени со претходен договор со сопствениците.
Check-in / Check-out
- Check-in: најдоцна до 21:00 часот
-
Check-out: најдоцна до 11:00 часот
(можност за подоцнежно напуштање со претходен договор, доколку има услови)
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Mile zdravkovski
08.09.2025 00:15
Smestuvanjeto e odlicno cisto, kujnata opremena so eden zbor isto kako da si doma
-
Aleksandar Nikoloski
04.03.2025 23:28
Zdravo9. Dali imate slobodno od 05 Mart do 09 Mart za eden covek? Dali sobite imaat posebno WC? Blagodaram mnogu Aleksandar