Планинска викендица во Беровска природа
4,400.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела викендица од ноќ од 4.400 денари
- Се изнајмува на минимум 2 ноќевања. Ве молиме не праќајте барања на едно ноќевање
- Цената знае да биде повисока за атрактивни празници и ек на сезона
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица се наоѓа во Беровско, туристичка населба Абланица. Викендицата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена по која можете да резервирате. Практикувајте барања за резервација по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините. Се изнајмува на минимум 2 ноќевања. Ве молиме не праќајте барања на едно ноќевање.
За љубителите на густа борова шума, приватно дворче и чист планински воздух, оваа викендица е одличен избор за мирен одмор во природа. Сместувањето нуди едноставен и пријатен амбиент, идеален за дружби, семејства и сите кои сакаат да побегнат од градската гужва.
Викендицата се наоѓа во населба Абланица, на само 5 минути возење од Беровското Езеро, во тивко и приватно опкружување.
Сместување
Викендицата располага со:
- 3 спални соби
- 3 брачни кревети
- Салон со кревет на развлекување
Капацитет на сместување:
- Комфорно сместување за 6 лица
- Максимален капацитет до 8 лица, при што дополнителни 2 лица можат да престојуваат во салонот на петоседот
Опременост и содржини:
- Целосно опремена кујна
- Салон за дружење
- Wi-Fi
- Телевизор
- Ормари
- Панелни греалици
- Печка на дрва
- Приватен паркинг
- Простор за оставање велосипеди
Локација и околина
Сместувањето се наоѓа во близина на Беровското Езеро, опкружено со борова шума и прекрасна природа. Тивкото соседство овозможува целосен мир и приватност за време на престојот.
Пријавување и одјавување
- Check-in: Флексибилно. Доколку претходно има гости, пријавувањето е после 14:00 часот.
- Check-out: Флексибилно. Доколку има нови гости истиот ден, одјавувањето е до 11:00 часот.
Клучот се подига директно од домаќините.
Постелнината и пешкирите се менуваат при секоја промена на гостите.
Дополнителни информации
- Домашни миленици се дозволени.
- Греењето е обезбедено со печка на дрва и панелни греалици.
- Сместувањето се изнајмува со минимум 2 ноќевања. Ве молиме не испраќајте барања за само едно ноќевање.
ЛОКАЦИЈА