Aurora Resort&Spa, Берово
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Aurora Resort&Spa, Берово. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Ресортот се наоѓа на 1100 метри надморска височина, близу до Берово, над Беровското езеро и кањонот на Малешевските планини. Овој регион, познат како мала Швајцарија, е дел од еден од четирите воздушни коридори во светот, со чист воздух богат со кислород. Изграден од природни материјали, како вулкански камен и дрво, ресортот е опкружен со зелени простори и богат ботанички свет. Со своите врвни СПА и ресторан, пет ѕвездено сместување, базени и врвна услуга, тој е идеално место за бегство од секојдневието.
Aurora Resort нуди различни типови на соби:
Џакузи вила
апартман (80 м²): Кревет за
две лица, два поединечни кревети, кауч на отварање, за 4 лица, со поглед на
езерото/шума/ресорт.
Премиум џуниор свит (38 м²): Голем брачен кревет, кауч на
отварање, за 3 возрасни + 1 дете, со поглед на кањон.
Супериор со
поглед кон кањонот (28 м²): Голем брачен или две единечни кревети,
фотелја на отварање, за 2 возрасни + 1 дете, со поглед на кањон или парк.
Делукс апартман
(38 м²): Голем брачен или два одвоени кревети, кауч на отварање, за 3 возрасни
+ 1 дете, со поглед на кањон/базен.
Апартман (55 м²): Голем брачен кревет, кауч на отварање, за
3 возрасни + 1 дете, со поглед на ресторан/базен.
Џуниор Свит Класик (38 м²): Голем брачен кревет, кауч на
отварање, за 3 возрасни + 1 дете, со поглед на парк/ресторан.
Вила Апартман (80 м²): Голем брачен кревет, два поединечни
кревети, кауч на отварање, за 4 возрасни, со поглед на езерото.
Арт Студио (50 м²): Голем брачен кревет, за 2 возрасни + 2 деца (1 до 3 години, 1 до 6 години), со поглед на езерото.
Check-in: 14:00
Check-out: 10:00
Aurora Resort располага со главен ресторан со тераса, СПА центар, надворешен бесконечен базен, терен за пинг-понг, велосипеди за изнајмување, детско игралиште, конгресна сала, ВИП сала за бизнис средби, коњички клуб за деца, фудбалско игралиште, билијард и бесплатен паркинг. Ресортот понудува и бесплатен Wi-Fi и организира екскурзии и активности.
Рекреативно пешачење, фудбал, пинг-понг и велосипедизам се дел од активностите во кои можете да уживате, а за најмалите гости е достапна зоолошката градина на ресортот.
Овој луксузен ресорт нуди мир, релаксација и искуство кое не се заборава. Со својот СПА центар, ресторан, сместување и базени, заедно со одличната услуга и гостопримливост, ресортот е идеално место за бегство од секојдневието.
ЛОКАЦИЈА