Планински бунгалов на Клепало: Беровско езеро
2,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на бунгаловот од ноќ е од 2.000 денари (Бунгаловот се резервира на минимум 2 ноќевања)
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Цената на бунгаловот е истакната во опис. Доколку ви одговара цената испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на сместувањето
Дрвениот бунгалов е наменет за 2 лица и располага со еден брачен кревет. Во него има купатило, телевизор, фрижидер и Wi-Fi. Сместувањето нема опремена кујна.
Капацитет и паркинг
Максималниот капацитет е 2 лица. Обезбеден е приватен паркинг за гостите.
Локација и околина
Во близина има бачило и ресторан. Околината нуди патеки за прошетка околу езерото, како и планинарски патеки. Во близина се наоѓа уште една вила од истите домаќини, а други сместувања нема.
Check-in / Check-out
Check-in: 11:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Дополнителни информации
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2 дена.
Не е дозволен влез на домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Александар Дојчиноски
08.09.2026 06:43
Позитивно: Местото е одлично. Природа, мир, тишина, чист воздух. На 1350 метри надморска висина. Приватноста е загарантирана. Сопственикот е одличен, позитивен, друштвен, се што ви треба ќе ви обезбеди, дури може да ви донесе од Берово (кое е оддалечено 16 км) што би треба. Над сместувањето имаат бачило до кое се оди пеш. Може да си купите квалитетно и природно овчо сирење, домати, компири за во сместувањето. Има и ресторан на 300 метри од сместувањето, но ако одите во Берово посетете го ресторан МРС, одлична храна и пристапни цени. Бунгаловите се одлични мали дрвени куќички опремени со се што ви треба, ако нешто недостасува тука е сопственикот. Греењето е на дрва, струја соларни панели, бања на ТНГ боци. Се на се ние со сопругата поминавме одлични 3 ноќевања. Негативно: Единствено што можам да најдам забелешка е што во посебните бунгалови топлата вода е поврзана на ТНГ па малку ќе се помачите за да ја регулирате водата (за тие што се среќаваат првпат со тоа како мене :D). И најголем проблем беше патот за стигнување до сместувањето од главниот пат. Не е големо растојание, но навистина е многу лош и ископан. Сопственикот пробал нешто да го потсреди, но сепак тоа не е негова должност и вина. Заклучок: Место кое задолжително треба да го посетите, нема да зажалите. Децата ќе го обожаваат.
-
Andrej Savatikj
09.02.2026 17:49
Пријатен сместувачки објект надвор од градот, во тивка и мирна околина. Местото нуди спокој, чист воздух и убав поглед кон ѕвезденото небо навечер. Погодно за одмор и за љубители на природата и тишината.
-
Miroslav Mishevski
26.10.2025 00:49
-
Elizabeta kimovska
12.10.2025 19:54