Дрвена куќичка во беровската природа (Објект 2)
4,300.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на куќичката е 70 евра од ден, а се изнајмува на минимум 2 ноќевања или 140 евра
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Станува збор за нов објект кој е изграден во ноември 2023 целосно од дрво. Со нов и модерен ентериер, асфалтиран пат до самото сместување и одлична приватност.
Куќичката се наоѓа во викенд населбата Абланица, а во околината нема други објекти.
Куќичката има еден спрата. На приземјето кое е со површина од 40 м2 има дневна просторија, купатило со турска бања, кујна со фурна, плотна, аспиратор и голем фрижидер, клима за ладење и греење и камин на дрва.
На првиот спрат кој е со површина од 23 м2 и една спална соба со брачен кревет со двоен душек и една детска соба со 2 кревети за 2 лица. Преградени соби.
Објектот има Wi-Fi.
Објектот има приватен паркинг.
Максимален капацитет е за: 4 лица. Може да се сместат плус 2 лица доколку спијат во дневниот престој но нема да им биде многу комфорно.
Во самото дворче има уште една идентична ваква вила со ист распоред и концепт и за исто број на гости. Што значи дека доколку сте заинтересирани за повеќе друштва тогаш можете да го потенцирате тоа во барањето при резервација.
Куќарката нема соседство. Објектот нуди интимност и пријатен престој.
Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот
Клучот се подига од одговорно лице за пречек на гости.
Постелнината и пешкирите се менуваат на 6 дена доколку гостите се задржат повеќе.
Пушењето во објектот е строго забрането.
Има место за остава на велосипеди надвор.
Резервацијата мора да биде целосно исплатена пред пристигнување во сместувањето.
Вилата се издава на минимум 2 ноќевања.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Никола Шулески
08.06.2024 05:48
Одлична комбинација на ➡️Прекрасна природа ➡️Модерен дизајн, идеа, едноставен и функционален простор. ➡️Чисто, ново и убаво. ➡️ Домаќинот љубезен, комуникативен и гостопримлив Препорачуваме на сите, сигурно би го посетиле повторно 10/10
-
Dragan Jovchevski
02.06.2024 21:39
Definitivno preporacuvam. Preubavo pa duri i vo uslovi na dozd.
-
Gyner Redzep
19.11.2024 19:39
Zdravo za 31.12.2024 I 01.01.2025 imate li slobodno
-
Dragana Spasov
17.11.2024 15:34
Zdravo da prasam za 30 31 i 1vi januari dali e slobodna za dvajca
-
Drvena kukicka
24.06.2024 18:20
Zdravo Aleksandar, slobodna kukicka ima za denovite sto barate. Povelete napravete si rezervacija preku Kajak
-
Aleksandar Gadjev
23.06.2024 09:09
Здраво, Доколку е слободна една од куќичките за периодот од 25 до 27ми Јуни, ќе ве молам да ми пишете цена за две лица со мало дете. Бидејќи сме до 4 месечно бебе, ако може да ми потврдете дека точно до самата вила има асфалтиран пат за да можеме лесно да се сместеме. Поздрав и секое добро, Александар
-
Ana Janeva
26.03.2024 16:29
Dali e slobodna vilata za vikendo sabota za 3 vozrasni i 3 deca i cena ako moze da mi kazete
-
Zagorka
25.03.2024 08:12
Zdravo Za 1 mesec da se iznajmi za preku leto kolku bi bila cenata? Fala
-
Роберт Олтовски
10.03.2024 11:42
Чиста петка во секој поглед
-
Natalija
05.03.2024 19:51
Zdravo, a sto ako sme cetvorica vozrasni i cetiri deca?