Дрвена планинска куќичка во Абланица: Идеална за еден пар!
3,400.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на куќичката: 3.388 денари по ден
- Минимум за изнајмување (2 ноќевања): 6.776 денари
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања.
- Вклучено во цената
- Греење / Ладење
- TV / Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Дрвена планинска куќичка во Абланица. Испратете барање за резервација со пополнување на „РЕЗЕРВИРАЈ ОНЛАЈН“. По испратеното барање ќе добиете одговор на е-мејл. Барањето кое ќе го испратите не е извршена резервација. Ќе добиете одговор на мејл за цена, па потоа можете да резеривирате.
Сместување
Дрвената куќичка е со концепт на студио од 40 м², идеална за 2 возрасни лица и најмногу уште едно дете.
Доколку патувате како поголемо семејство, можете да ја погледнете поголемата куќичка со еден клик ОВДЕ.
Куќичката располага со една просторија во која има брачен кревет, трпезариска маса, целосно опремена кујна и приватно купатило.
Надвор има мало дворче, а во него се наоѓаат уште две дрвени куќички. Сите три објекти нудат прекрасен поглед кон планината.
Содржини и удобности
- Wi-Fi
- Приватен паркинг
- Место за остава на велосипеди надвор
Капацитет
Максималниот капацитет е за 2 возрасни лица. Можно е сместување и на уште едно дете.
Домашни миленици
- Домашни миленици се дозволени.
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 14:00 часот
- Check-out: до 10:00 часот
- Клучот се подига од одговорното лице за пречек на гости.
Дополнителни информации
- Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 6 дена доколку престојот е подолг.
- Пушењето во објектот е строго забрането.
- Резервацијата мора да биде целосно исплатена пред пристигнување.
- Минималниот престој е 2 ноќевања.
Важно
Максималниот број на гости за објектот е 4 возрасни лица и 2 деца. Доколку ја резервирате вилата и пристигнете со поголем број на гости од дозволениот капацитет, сопствениците нема да дозволат влез во сместувањето.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Elena Davcevska
28.05.2026 16:10
Уредно, чисто, мирно, модерно, необично, навистина се воодушевивме од убавината и од гостопримството. Вистинско место за мир, препорака 10/10
-
Тамара Николовска
25.05.2026 17:57
-
Антонела Мицеска
18.05.2026 06:09
-
Цеце Котева
15.02.2026 00:01
-
Ивана Минова
14.01.2026 11:56
Престојувавме во вистинска мала оаза – преубава куќичка, беспрекорно чиста, уредна со вкус и пријатно топла. Секој агол зрачеше со грижа и внимание. Домаќинот беше исклучителен – предобар, префин и секогаш на располагање за се што ни беше потребно. Се чувствувавме добредојдени и згрижени од првиот момент. Целото искуство беше совршено, спомен што со радост ќе го повториме. Со сигурност повторно ќе се вратиме.
-
Петар Велинов
30.12.2025 10:51
-
Давид Бошковски
28.12.2025 10:48
Топ место за одмор
-
Teodora Trendafilovikj
26.12.2025 08:05
Кукичката беше прекрасна и бајковита. Снабдена со основните потреби, а има и минибар и можност да си откупиш оригинален беровски багремив мед. Препорачувам за престој со мало дете и кученце. Сопственикот е исто така прекрасен и достапен во секое време. Го препорачувам сместувањето 💯
-
Андреја
25.05.2025 17:51
Топла препорака да избегаш од градскиот метеж. Прекрасно место за да си одмориш душа и тело! Мир, тишина, зеленило и чист воздух – што повеќе да посакаш? Нова, чиста и модерна, домаќините гостопримливи и пријатни. Баш ни беше по мерак, би се вратиле пак!
-
Филип Димов
14.02.2026 11:21
Преубаво. Мир, тишина!
-
Ивана Бисовска
21.12.2025 10:28
Прекрасна вила, со преубава атмосфера за релаксирање. Пристапна е со автомобил, а внатре ги има сите услови кои би Ви биле потребни за престој. Чиста и уредна, а каминот дополнително допринесува во планинската идила. Домаќинот е прекрасен човек, достапен во секое време за било што и да е потребно. Топло ја препорачувам на секого!
-
Bojana Petrovska
29.06.2025 12:48
Preubava priroda, cist vozduh ubavo smestuvanje I prekrasni domakjini😊