Дрвена куќичка во беровската природа
4,300.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на куќичката е 4.305 денари од ден, а се изнајмува на минимум 2 ноќевања или 8.610 денари
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Испратете барање за резервација со пополнување на „РЕЗЕРВИРАЈ ОНЛАЈН“. По испратеното барање ќе добиете одговор на е-мејл. Барањето кое ќе го испратите не е извршена резервација. Ќе добиете одговор на мејл за цена, па потоа можете да резеривирате.
Станува збор за нов објект, изграден во ноември 2023 година, целосно од дрво. Куќичката има модерен и стилски ентериер, асфалтиран пристапен пат до самото сместување и одлична приватност.
Се наоѓа во викенд населбата Абланица, опкружена со природа и без други објекти во непосредна близина. Локацијата нуди мир, интимност и пријатен престој.
Сместување
Куќичката се простира на две нивоа.
Приземје – 40 м²
- Дневна просторија
- Купатило со турска бања
- Целосно опремена кујна со фурна, плотна, аспиратор и голем фрижидер
- Клима уред за ладење и греење
- Камин на дрва
Прв спрат – 23 м²
- Една спална соба со брачен кревет и двоен душек
- Една детска соба со два единечни кревети
- Собите се одделени со прегради
Опременост
- Wi-Fi интернет
- Приватен паркинг
- Место за оставање велосипеди во надворешниот простор
- Камин на дрва
- Клима уред за греење и ладење
Капацитет
Основниот капацитет е 4 лица. Можно е сместување на дополнителни 2 лица во дневната просторија, но овој распоред не е идеален за подолг престој поради намалениот комфор.
Во истото двориште се наоѓа уште една идентична вила, со ист распоред, концепт и капацитет. Доколку патувате во поголема група или како повеќе друштва, можете да го наведете тоа во барањето при резервација.
Приватност
Куќичката нема непосредни соседи и нуди високо ниво на приватност, мир и пријатна атмосфера за одмор во природа.
Check-in / Check-out
- Check-in: 14:00 часот
- Check-out: 10:00 часот
- Клучот се подига од одговорното лице за пречек на гостите.
Дополнителни информации
- Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 6 дена доколку гостите престојуваат подолго.
- Пушењето во објектот е строго забрането.
- Достапен е простор за оставање велосипеди надвор.
- Резервацијата мора да биде целосно платена пред пристигнувањето.
- Минималниот престој е 2 ноќевања.
Важно: Максималниот дозволен број на гости е 4 возрасни и 2 деца. Доколку пристигнете со поголем број лица од дозволениот капацитет, сопствениците нема да ви дозволат влез во сместувањето, дури и доколку резервацијата е направена за поголема група.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Славенија Поповска
22.02.2026 10:22
Куќичката е преубава, чиста и има сѐ што е потребно во неа. Лазар е најуслужливиот домаќин и препорачувам на секој да отиде за преубаво искуство :)
-
Робертина Спасоска
01.02.2026 12:18
Prekrasno mesto za uzivanje i ubav miren odmor
-
Suelja İbos
07.01.2026 17:07
Za vikendickata mnogu sme zadovolno mestoto e mirno cisto i sredeno, od ocekuvanoto bese po dobro so zadovolstvo bi dosle poftorno.
-
Елена Тодоровска
23.11.2025 07:47
Се беше одлично 😊 Чисто, топло, опремено.
-
Dejan Stambolzhiovski
19.11.2025 14:02
-
Бојан Серафимовски
26.10.2025 21:58
Се беше одлично. Смештајот беше практичен, чист и комфорен. Прекрасна мирна локација, за вистински одмор во Беровската природа. Топла препорака.
-
Јоли Блажевска
28.08.2025 09:50
Задоволни
-
Александар Лучков
07.05.2025 09:50
Прекрасно искуство! Куќичката е топло уредена со внимателно избран ентериер што создава чувство на удобност и мир. Кујната е целосно опремена и имавме сѐ што ни беше потребно за престојот. Најмногу уживавме во приватниот двор – вечери покрај оган под отворено небо, тишина и свеж планински воздух. Газдата е љубезен и услужлив, секогаш достапен доколку ни требаше нешто. Топло препорачувам за секој што сака вистински одмор во природа!
-
Александар Митевски
23.03.2025 21:53
Одлично место да се одморите преку викендот!
-
Давид Јовановски
10.03.2025 19:09
Идеално место за викенд одмор и бегство од градските гужви. За домаќинот, како и за сместувањето, само пофални зборови. Сигурно се враќаме повторно.
-
Бојан Д.
02.03.2025 21:47
Прекрасно сместување! Куќичката беше одлично опремена, удобна и идеална за вистински одмор. Локацијата е совршена за уживање во природата и прошетки. Целото искуство заслужува чиста петка! Дефинитивно би се вратиле повторно.
-
Teodora Nedanoska
05.02.2025 16:58
Само пофални зборови, удобни, чисти и пријатни, газдата многу пријателски настроен и достапен, секоја препорака.
-
Zorica Boševa
05.02.2025 14:13
Прекрасно искуство, идеално место за одмор, чисто, тивко…Одлично!
-
Мартина Георгиева
03.02.2025 17:26
Прекрасно искуство. Куќичката е прекрасна, добро опремена, топла и комотна за одмор и уживање. Хигиената 10/10. Газдата гостопримлив, пријатен и услужлив. Топла препорака.
-
Gorazd M
27.06.2024 16:53
Куќарката е идеално место за повлекување од сите гужви од секојдневниот живот, и фокусирање на интимен, луксузен и кофортабилен помин во природата што Берово, поточно Абланица ја нуди. Куќарката каде престојувавме е комплетно опремена за прием на гости кои бараат модерен ентериер и уредување, модерни електрични апарати, кујна, дневна и купатило. Креветите на вториот спрат, а и самиот мебел во куќарката се повеќе од удобни, а дворчето и масичката пред самата куќарка се створени за пиење на утринско кафе, или разговори во доцните ноќни часови. Лазар е повеќе од гостопримлив и услужлив тип на домаќин, кој во било кое време за било кое прашање ни стоеше на располагање и единственото нешто на кое што инсистираше - е да уживаме во поминот. Срдечно ви го препорачувам местото, да го посетите, да уживате во гостопримството на Лазар, и да си створите незаборавни искуства.
-
Мартина Зероска
16.06.2024 20:06
Прекрасно место и целокупниот амбиент е перфектен! Одмор во вистинска смисла на зборот! Хигиената во куќичките е 100/10. Природата пред вас и погледот зема воздух. Пречекот од домаќините беше исто така 100 од 10. Најтопла препорака за местото и голема благодарност до Лазар! Браво за се!
-
ivana nikoloska
02.06.2024 23:40
Прекрасно место ако сакате природа и одмор, топло ви го препорачувам. Исто така прекрасни и гостопримливи домакини.
-
Igor Donevski
15.04.2025 21:07
Има ли слободно за двајца на дата 19.04 и 20.04 сабота и недела (за две нокевања) ако има звоните на 077-715-682
-
Ljubica Sekulova
24.12.2024 12:09
zdravo, koi termini gi imate vo Januari ?
-
Александра Гоцев
22.12.2024 15:17
Сакам да прашам дали има слободно место од 31 декември до 2 јануари. Ние сме 4ца возрасни и 1 годишно дете.