Вила со џакузи и отворен базен на Беровско езеро
2,300.00 ден
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати и се фиксни, што значи ако ви одговараат цените испратете барање. За викенд се изнајмува на минимум 2 ноќевања. Цените се следни:
- - апартман со џакузи за двајца - 3.900 денари со вклучен доручек,
- - стандардни соби со брачен кревет, дополнително легло - 2.900 денари со вклучен доручек,
- - стандардни соби/студија со брачен кревет од 2.300 денари со вклучен доручек.
- За деца над 5 години се доплаќа 600 денари од ноќ.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата во дворот има сопствен базен. За резервација погледнете ги цените во опис, доколку ви одговараат цените испратете барање за резервација со потенцирање на какво сместување сакате да резервирате.
Сместување
Секој апартман располага со сопствено купатило, Wi-Fi интернет, Smart TV, клима уред, постелнина, крпи, фен и пегла.
Кујните се целосно опремени со сите потребни реквизити и апарати:
- Електричен шпорет
- Машина за садови
- Микробранова печка
- Тостер
- Чаши, чинии и прибор за јадење
- Скара во дворот
Во дворот на вилата гостите имаат на располагање сопствен базен.
Локација
Вилата се наоѓа на околу 5 километри од градот, на самиот брег на Беровското Езеро. Во непосредна близина се наоѓа пешачка патека која го опкружува езерото, идеална за прошетки и уживање во природата.
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 14:00 часот
- Check-out: до 11:00 часот
Клучот се подига директно од вилата.
Домашни миленици не се дозволени.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Sandra Temkova
23.03.2026 04:03
-
Elena Gjorgieva
08.03.2026 09:36
Апартманот со џакузито е навистина убав. Има убав поглед на езерото со убава природа. Вилата поседува ресторан кој ви е на располагање цело време. Луѓето кои работат овде се многу љубезни и гостопримливи. Голема препорака.
-
Zlatica Gjorgjevska
15.02.2026 15:35
Вилата е на прекрасна локација со преубав поглед, но мислам дека треба да се подобри услугата за сумата која ја бараат. Ние бевме во апартманот со џакузи кој има не така скромна сума од ноќ, а сепак фалат многу "основни" работи. Освен сапун за раце и тоалетна хартија друго нема ништо за лична хигиена. Wi-Fi немаше барем во тоај апартман каде што бевме ние, и најголем проблем е водата. Со многу слаб притисок на топлата вода која се чека подолго време да "дојде". Бањата и постелнините беа чисти, додека подот и не толку, а исто немаше ниту метла или џогер да може да се исчисти. Резервацијата беше со појадок, но појадокот е само 4 можни опции, од кои: омлет, пржени "рибанки", тост и јајце на око. Во доручекот немаше вклучено ни вода ниту пак кафе. Доколку си нарачаш си го плаќаш по иста цена како во ресторан. Во апартманот имаше само фрижидер, немаше ниту чаши за вода и било каков прибор, така да не е возможно ниту да си стоплите вода за кафе или пак млеко доколку сте со мало дете или бебе. Вработените беа фини и културни.
-
Angela ivanova
10.02.2026 10:38
Катастрофа, немаше топла вода два дена ги молев да проверат каде е проблемот за водата. Кога им реков да ми ги вратат парите бидејки платив соба со џакузи моментално го средија проблемот. Воедно конкретно барав друга соба каде рекоа дека не е проблем за собата на крај ме сместија во друга соба.
-
Мики Ристовски
11.01.2026 16:38
Резервацијата преку кајак беше одлична.Вилата си беше супер ,само треба да се поработи на дневниот ред за боравак,зошто луѓеро немаат осет и по цел ден до 01:00 навечер имаше галама од гости ,таканшто беше тешко за одмор.Вилата е одлична ,добра комуникација со сопствениците.
-
David Trpeski
21.12.2025 08:09
-
Matej Donevski
08.12.2025 09:24
-
Бошко Андреевски
16.11.2025 13:21
Пребава природа и локација! Собите се чисти уредни и широки. Храната е превкусна, особено скарата🤩🤩. Гостипримливи домаќини и 5 ѕвезди за мајсторот во кујната!
-
Тамара Неделковска
14.10.2025 10:28
-
Кристијан Цветановски
22.09.2025 16:21
-
Љупка Атанасова
24.08.2025 14:02
Локацијата на вилата во Берово е навистина убава и просторот има голем потенцијал. Сепак, за време на престојот базенот не беше добро одржуван, а имаше и прослава со гласна музика до 1 часот по полноќ, иако во правилата стои дека тишина важи од 19:00 до 07:00. Со оглед на цената, очекувавме подобро ниво на одржување и почитување на правилата.
-
Елизабета Ѓорѓевиќ
17.08.2025 08:20
-
Rozi Ilievska
19.05.2025 13:15
Super lokacija, super gazdi, apartmanite odlični. Se gledame pak letoto.
-
Верица Николиќ
03.08.2024 12:12
Прекрасно место,се е супер-собите,ресторанот,базенот,персоналот... Препорачувам
-
Darko Shpirtov
08.07.2024 09:39
Super mesto, preporacuvam i na drugi! Personalot ljubezen, usluga super!
-
Весна Димитровска
28.07.2026 17:40
Прво собите не се апартмани, собата со џакузи е само соба една, мини тарасиче и купатило толку! Можам да замислам па какви се стандардните соби 🥹 Хигиена за тие пари е на многу ниско ниво! Лежалките на базенот крпени недокрпени, распукани и те штипат на станување. Незадоволителна хигиена ни околу базенот. Жалосно толку убаво место толку да не се грижат. Кујнана “заедничка” се распаѓа. Тенџерче тешко да најдеш зошто некој готви а тавине игребени., стари …. Гадно да ти е да пробаш да зготвиш нешто.
-
Marinela Ilievaka
08.07.2025 15:00
Cena
-
Emilija giceva
28.06.2025 09:18
Soba za dvajca vozrasni i dete od 9 godini so dve nokevanja petok i sabota cena mozeli i sto ima za koristenje u tie ceni
-
Milena Smugreska
09.06.2025 15:45
Zdravo Zainteresirani sme da ja iznajmime cela vila za period Avgust 22-Avgust 24 10 vozrasni i 8 deca Ve molam kazete mi dali e slobodna i kolku e cenata
-
Rozi Ilievska
18.05.2025 21:53
Zdravo, me zanima dali imate sloboden termin od 13.7-16.7 apartma so dzakuzi noviot del za 4 osobi 2 vozrasni i 2 deca [11,13 godini]. Vtor sprat? Fala pozdrav