СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила на Беровско езеро идеална за цело друштво

Berovo
Цена од:

6,500.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила е од 6.500 - 12.000 денари во зимски период за едно ноќевање
  • Цената може да варира доколку бројката на гости е помала и зависи од периодот
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 9
Beds : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

Вилата се наоѓа во непосредна близина на Беровското Езеро, спроти патот што води кон Аурора Ресорт. До објектот се пристигнува по целосно асфалтиран пат.

Вилата располага со пространо дворно место и голема тераса, идеална за дружење и релаксација.

Сместување

Вилата располага со 3 спални соби, сите опремени со брачни кревети. Вкупниот број на кревети во објектот е 4, а максималниот капацитет е до 9 гости.

Опременост

  • Комплетно опремена кујна со фрижидер, машина за садови, електричен шпорет, прибор за готвење и јадење.
  • Бесплатен Wi-Fi интернет.
  • Пешкири и фен.
  • По еден тоалет на секој кат.
  • Тераси на двата спрата.

Греење и ладење

  • Во 2 спални соби има клима-уреди.
  • Во една спална соба има вграден радијатор.
  • Во бањата има вграден радијатор.
  • Приземјето се загрева со печка.

Надворешен простор

Гостите можат да уживаат во:

  • Голем двор.
  • Скара.
  • Пространа тераса со маса и столици.
  • Приватен паркинг во дворот.

Локација

Вилата се наоѓа на само 300 метри од Беровското Езеро. Спроти вилата започнуваат пешачки патеки кои водат до езерото и до Аурора Ресорт.

Областа е туристичка, опкружена со викенд-куќи, зеленило и уредени патеки. Соседството е мирно и тивко, што ја прави вилата идеално место за одмор.

Дополнителни информации

  • Check-in: од 14:00 часот.
  • Check-out: до 11:00 часот.
  • Клучот се подига директно од сопственикот.
  • За престој подолг од 5 дена се врши промена на постелнината и пешкирите.
  • Дозволен е престој со домашни миленици.
  • Обезбеден е простор за чување велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Hristina Sokoloska

    11.12.2024 18:47

    Dali e slobodna od 31.12 do 03.01

Разгледајте повеќе сместувања