Сместување во Чифлик во Македонски Брод
750.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е изразена во денари е цена по лице од ноќевање со појадок
- За деца под 6 години сместувањето е бесплатно
- За деца до 12 години се наплаќа на пола од сумата за возрасен
- Приватен паркинг
- Користење базен
- Тв/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
За резервација треба да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да извршите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас.
Сместувањето се наоѓа во
селото Долна Белица, на само 35 километри од Македонски Брод. Низ селото минува
прекрасна река - реката Белешница. Реката Белешница има кристално чиста вода и
од 2002 година е заштитена како споменик на природата. Самата река треба да
биде доволна причина за да го посетите ова село.
Сместувањето располага со
13 соби, од кои 8 имаат брачен кревет + уште еден или 2 посебни кревети. Една
соба има 4 посебни кревети. Вкупниот број на легла во целото сместување е 25.
Има две соби се двокреветни,
три соби со три кревети и три соби со четири кревети.
Сместувањето располага со
ресторан за 250-280 гости, 70 во затворен простор, а останатите на летната
тераса над рибникот и реката.
Во близина на сместувањето
се наоѓа пештерата Пешна, реката Треска и езерото Козјак, кои се совршени места
за љубителите на риболовот.
Домот има езерце за
пастрмка, сопствена зоолошка градина од едукативен карактер за помладите гости.
Ресторанот е во етно стил и опкружен со божествена природа.
Check in: 12:30-20:30 часот
Check out:: 10:30-11:30 часот
Клучот се подига од
сопствениците во самото сместување.
Постелнината и крпите се
менуваат на секои четири дена, но крпите може да се менуваат уште почесто за
гостите кои престојуваат подолг временски период.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Dusko Hristov
27.04.2024 17:02
Ve molam za tri do cetiri para za prvi majb, dali ima mesto i kazete cena za nokevanje i eventualno za kompletno meni. Dali mozeme da dojdeme odkaj jasen. Blagodsram
-
Мотел Чифлик:Македонски Брод
31.08.2023 09:05
Г-ѓа Кети Се извинуваме поради недостатоците со кои сте се соочиле за време на престојот кај нас . Инаку собите се истите од пред неколку години ,а кујната е за 3 соби на спратот и ,требало да се обратите кај некој од нас да ве услужиме со тоа што ви фалело.Пред се тоа е чајна кујна иако е опрема со се. Не засегна коментарот бидејќи вие сте први гости кои не се задоволни од престојот но коментарот остава лоша слика за оние кои не биле и незнаат како навистина ќе бидат пречекани и колку може персонслот да излезе во пресрет за се што ќе им недостасува.Ви се извинуваме уште еднаш и се надеваме во наредна прилика ќе го смените вашето мислење. Поздрав
-
Кети Неделкоска
12.08.2023 17:39
Пред неколку години бевме во мотелот и во ресторанот и бевме задоволни. Во моментов сме тука и сме крајно разочарани. Собите се премачи о нема никаков плакат,хогиената на многу ниско ниво. Само 1 кујна која не е опремена со ништо. Дури нема ни 2 филџани А кафе,а истата кујна е за 5 соби. Во ресторанот храната е подпросечна. Доручекот е оскиден ,а порциите во ресторанот се многу мали. Целосен впечаток - треторазредно.
-
Irina Gapikj
10.05.2022 17:51
Dali primate mali kucinja?
-
Gordana ristova
01.05.2022 10:57
Prekrasno mesto bevme grupa od 18 lica si pominavme prekrasno ubavo smestuvanje prekrasna hrana i prekrasni gazdi blagodarime za prekrasniot precek
-
Anita Keskovska
26.05.2021 20:15
Дали примате гости со мало куче?
-
Zoran Ralev
12.04.2021 19:57
Sossem pogresna mapa. Ovaa belica e vo Bugarija,, obratete vnimanie na mapata!!!